Завршивме одлична работа и сега уживаме!

marija Приказни за месец Август

Трајанка Танушева од с.Босилово, Струмичко. Вработена сум  во приватна фирма, и живеам со сопругот пензионер во населеното место Босилово. Веќе подолго време имавме желба да си ја  реновираме куќата, но финансиски не бевме во можност да го направиме тоа со мојата плата и неговата пензија. Затоа одлучивме да се обратиме до Штедилница  ФУЛМ, каде јас веќе долги години сум член …

Важните моменти од мојот живот се поврзани со тимот на ФУЛМ!

marija Приказни за месец Август

Иванка Гвозден, Скопје Никогаш нема да го заборавам летото 2009 година, кога добивме 2 внучиња, едното во Скопје, а другото во Чикаго, Америка. Бевме пресреќни, но и материјално немоќни, кога не повикаа да одиме и да го почуваме бебенцето во Америка. За мене и сопругот тоа беше крупна работа: авионска карта, виза…, а желбата преголема… Едно утро, со Валентина, која …

Кредитот е добра одлука – ако добро се намени!

marija Приказни за месец Август

Момчило Ѓорѓиевски, Скопје Сакајќи да го избегнеме градскиот метеж во Скопје и да најдеме мир на чист воздух, се одличивме да изградиме скромна викендичка на Козјак. Бидејќи фамилијарно викендите ги поминуваме заедно, решивме што поскоро да почнеме да градиме, за да можеме да го искористиме летото на поубава клима. Но, не секогаш домашниот „есап“ е еднаков на оној реалниот. Со …

Брзо и едноставно до нов автомобил!

marija Приказни за месец Август

Владанка Спасовска Тофиловска, с.Раотинце, Тетово Јас и моето семејство живееме убав и мирен живот, во хармонија, со сите убавини кои ги носи нашето прекрасно село Раотинце, сместено во подножјето на планината Жеден и низ кое тече реката Вардар. Со труд направивме прекрасна куќа, со убав двор прекриен со цвеќиња. Како и секој човек што се обидува да си го направи …

НОВ ДЕН, НОВА НАДЕЖ!

marija Приказни за месец Август

Тони Зенговски, Скопје Нов Ден, Нова Надеж Јас и сопругата чекавме дете и ни требаше помош да реновираме дома бидејќи куќата беше релативно стара и не беше спремна за чување бебе. Баравме помош од неколку пријатели, роднини па дури и банки, но никој не ни помогна. Иако имавме дополнителни приходи, банките не одбиваа,  бидејќи официјално бевме и двајцата невработени. Надежта …

Радио рекламата на ФУЛМ ми даде идеа за остварување на мојот сон!

marija Вашите бизниси, Приказни за месец Август

Метин Шаќири, Тетово Јас сум Метин Шаќири, роден во Тетово каде и живеам. По завршување на средно училиште одлучив да се вработам како такси возач во една приватна такси компанија. Така, работејќи некое време, едно утро ја слушнав рекламата на Штедилница ФУЛМ на еден радио канал. Радио рекламата на ФУЛМ ми даде идеа дека и јас можам да си го …

И ЖЕНАТА СРЕЌНА И КУЌАТА СРЕДЕНА!

marija Приказни за месец Август

Димитри Китанов, Скопје Израснав две деца. Ги школував. Направив две свадби. Станав дедо на четири внуки. На стари години што се вели, ми текна да направам мала куќичка за мене и жена ми, за да ги оставиме младите „на раат“ сами. Имав заштедено пари на страна, и на почетокот сите трошоци за изградбата можеа да се покријат. Арно ама, како …