Ден на финансиска едукација во Градскиот парк во Скопје. На настанот присуствуваа ученици од различни средни училишта и имаа можност да се запознаат со дел од активностите на Штедилница ФУЛМ, колку е значајно штедењето и колку се корисни кредитите доколку паметно се искористат. Штедилница ФУЛМ за сите кои запишаа цел за која би штеделе во иднина, обезбеди симболични подароци, а нашето дрво на желби беше исполнето до последно место, на наше огромно задоволство.