Штедилница ФУЛМ е вклучена во Деновите на финансиската писменост
ФУЛМ Штедилница, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на Деновите на финансиската писменост, кои ќе се одржат во земјава, од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.
Годинава, во рамки на третото издание на Деновите на финансиска писменост, од 29 до 31 мај 2019г, во филијалите и шалтерите на Штедилница ФУЛМ, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.
Нашата штедилница во согласност со своите можности ќе овозможи за сите нивни барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од соодветно едуцирани кадри…
Ве очекуваме во сите наши филијали и шалтери, од 8-16 часот, од 29 до 31 мај 2019г.
Ве очекуваме!