Mеѓународниот ден на студентите 17-ти Ноември e одличен повод за доделување на студентската стипендија од фондот ДЕФ (DEF – Drew Egan Fond), a ја доделуваат:
Здружението на граѓани ФУЛМ, ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House, член на Светскиот совет на Кредитни унии (World Council of Credit Unions), во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (Michigan Credit Union League & Affiliates, USA), за најдобар предлог со тема: “Предложи оддржлива зелена идеја
Освен победникот и добитник на студентската стипендија за 2022, кој е одбран од стручна комисија, од номинираните 31 одговори
се доделија и Сертификат за најмногу собрана поддршка од Facebook публика
Па така, чест ни е и задоволство да ги објавиме ПОБЕДНИЦИТЕ:
- Симона Крстева од Струмица , студент на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) - победник и добитник на студентската стипендија за 2022. Штедилница ФУЛМ ќе се потруди да ја реализира предложената зелена идеја на Симона и веруваме дека ќе ги поттикнеме сите субјекти од приватниот и државниот сектор да го следат нашиот пример.
- Саво Костадинов од Кавадарци, студент на (ФИНКИ)-Победник од Facebook публика
Даринка Костадиновска од Кавадарци, студент на Фармацевски Факултет - Скопје победник за најдобро зелено дигитално решение.