ДОБИТНИК НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА 2024 ГОДИНА

Бојана Башовска Настани и Промоции

Image
Секоја година на Mеѓународниот ден на студентите 17-ти Ноември доделуваме студентска стипендија од фондот ДЕФ (DEF – Drew Egan Fond), a ја доделуваат:
Здружението на граѓани ФУЛМ, ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House, член на Светскиот совет на Кредитни унии (World Council of Credit Unions), во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (Michigan Credit Union League & Affiliates, USA).

Оваа година темата на која студентите предложуваа решенија гласеше:

Одговори Р-еволуционерно и освој студентска стипендија
Во процесот на одлучување, беше вклучен во комисија и проф. д.р Светислав Крстиќ - Редовен професор од катедрата за биологија на ПМФ и нашата минатогодишна добитничка на стипендија Симона Крстева кои одбраа за 2023 година еден стипендист со најдобро предложено решение и уште три студенти  ги наградивме за нивното учество со второ, трето и четврто најдобро решение.
Па така, чест ни е и задоволство да ги објавиме ПОБЕДНИЦИТЕ:
1. Елен Ива Петров - Студент на Природно математички факултет-Институт по Биологија/Нутриционизам - добитник на стипендија.
2.Моника Муцунска - ФИНКИ, -  Примена на информациски технологии - второ најдобро решение.
3.Ивона Маркова-Универзитет "Св. Кирил и Методиј" -Педагошки факултет "Св.Климент Охридски"- Одделенска настава - трето најдобро решение.
 На победниците им честитаме!
🍀Веруваме дека оваа идеја нема да остане само запишана некаде, туку ќе се работи кон нејзина реализација, и интеграција во нашето општество се со цел да имаме почиста и поздрава околина за сите идни генерации.
👩‍🎓🧑‍🎓Нека е честит денот на студентите 17 ноември.