Г-дин Стево Андровиќ, Претседателот на ЗГ ФУЛМ упати искрени честитки за Марија Кржовска добитник на ФУЛМ Студентска стипендија за 2020 година, како и поддршка за нејзините планови и цели во образованието.
ФУЛМ и нашиот пријател г-дин Drew Egan заедно со Лигата на кредитни унии на Мичиген и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат студентите во остварувањето на нивните образовни и кариерни цели.
Во очекување на следниот Натпревар за студентска стипендија за 2021 година Ве поздравуваме со мисли за добро здравје за Вас и Вашите најблиски!