Ни претставува огромна чест и задоволство да ве информираме дека Штедилница ФУЛМ се здоби со довербата на Европската Унија, преку Европската комисија и Европскиот инвестициски фонд за добивање ЕаСИ гаранција, преку која ја добивме можноста за пласирање до 203 милиони денари, наменети за кредитна поддршка на микробизнисите и старт-ап идеите, во рамките на Програмата за вработување и социјална иновација на Европската Унија (ЕаСИ)
- Што е ЕaSI-Busy?
ЕaSI-Busy е новиот производ на Штедилница ФУЛМ, наменет за поддршка и обезбедување поповолни услови за старт-ап идеите, микробизниси во фаза на развој и поддршка на микробизнисите на жените, младите и сите оние коишто сакаат да започнат нов бизнис.
- Кој може да аплицира за EaSI-Busy кредит?
За кредитот ЕaSI-Busy може да аплицираат сите лица коишто имаат сопствен микробизнис и сакаат да инвестираат во него или лица коишто сакаат да започнат со нов бизнис, без оглед на моменталниот статус на вработување т.е.може да аплицираат исклучиво државјани на Република Северна Македонија, без оглед дали во моментот се: вработени, невработени или земјоделци. Апликациите може да се поднесуваат онлајн, преку мобилната аппликација или лично во филијалите на Штедилница ФУЛМ. По поднесувањето тие ќе бидат разгледани, а кредитобарателот ќе добие одговор за не повеќе од 5 работни дена од денот на поднесување на барањето.
- Кои се условите на кредитот EaSi-Busy?
Износ: од 50.000 до 900.000 денари
Рок на отплата: 24, 36, 48, 60, 72, 84 или 96 месеци
Грејс период: 3, 6, 12 или 18 месеци
Повеќе информации за условите на производот на овој линк
- Цел на Easi-Busy
Благодарение на EaSI гаранцијата, финансирана од Европската Унија, Штедилница ФУЛМ има можност финансиски да им помогне на микро и нанобизнисите и старт-ап идеите.
Финансиската поддршка на старт-ап бизнисите со оперативна историја до 36 месеци работење или бизнис којшто е во фаза на развој, деловна активност на лица поединци (нанобизниси).
- Придобивки од гаранциите финансирани од Програмата за вработување и социјална иновација на Европската Унија (ЕаСИ) се
- подолги рокови на отплата;
- грејс период; и
- намалени надомести и трошоци на микро и нанобизнисите
- Програмата има за цел закрепнување на приватниот сектор и нови вработувања во Република Северна Македонија.
*Преку Европската програма за вработување и социјални иновации (ЕаСИ), Европската комисија го поддржува микрофинансирањето и финансирањето на социјалното претприемништво со вкупно 193 милиони евра за периодот 2014-2020 година. Целта е да се зголеми пристапот до микрофинансирањето т.е. заеми до 25 000 ЕУР, посебно за ранливите лица и микропретпријатијата.
* Извор: EC Visibility Guidelines