Во рамките на кампањата Мој бизнис – Моја слобода, Елена Димова, ни раскажа за својот бизнис: ,,ПЕРАМ ПЕГЛАМ е сервис за водено перење, пеглање дезинфекција и освежување на алишта, постелнини и други ткаенини. Го заменуваме домашното перење и пеглање, со професионални резултати. Користиме био детергенти и средства за флеки, со минимум хемикалии. Вршиме превземање од дома или од работното место и достава”.