Политика за утврдување на исправка на вредноста и оштетување

ПОЛИТИКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТА И ОШТЕТУВАЊЕ

(1) Изложеноста на кредитен ризик, која е предмет на класификација од страна на Штедилницата, ги опфаќа билансни позииции врз основа на следниве побарувања: кредити, депозити кај банки и останати финансиски институции, побарувања врз основа на камати, побарувања врз основа на надомести, побарувања од Република Македонија и НБРМ и други билансни побарувања кои ја изложуваат Штедилницата на кредитен ризик;
(2) Следните позиции не се дел од кредитната изложеност:Парични средства, средства на сметки на штедилницата кај Народна банка, нематеријални средства, земјиштето, недвижностите и опремата, природните богаства, средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања, средствата за работа и залихите;
(3) Штедилницата врши класификација на изложености на кредитен ризик на :
1) на поединечна основа .
2) група на слични финансиски инструменти
3) на групна основа дефинирана по портфолио на кредити
(4) Општи показатели коишто се користат при класификацијата и утврдувањето на исправката на вредноста и на посебната резерва се :
1) информација за финансиската потешкотија на клиентот ;
2) информација за непочитување на договорот, вклучително и неплаќање или доцнење на плаќањата на достасаните обврски ;
3) податоци коишто укажуваат дека постои намалување во проценетите идни парични текови за група кредитни изложености, во споредба со нивното почетно признавање, иако намалувањето не може да се поврзе со поединечна кредитна изложеност, вклучувајќи:
a) негативни промени во платежната способност на клиентите (на пример: зголемен број на задоцнети плаќања), или
b) влошување на националните или локалните економски услови коишто влијаат врз плаќањето на обврските на клиентите (на пример: зголемување на стапката на невработеност во географската област на клиентот и слично).

(5) При класификација на изложеноста на кредитен ризик , штедилницата ги зема во предвид следниве податоци :
1) кредитната способност на клиентот;
2) уредност во измирувањето на обврските;
3) обезбедувањето.

(6) Штедилницата ја класифицира изложеноста на кредитен ризик во следниве категории на ризик
1) Во категорија на ризик „А” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми :
a) побарувања од Европската централна банка, како и од централните влади и централните банки на земји чиишто побарувања согласно со Методологијата за утврдување на адекватност на капиталот имаат пондер на ризичност од 0%и коишто го исполнуваат критериумот в) од оваа потточка, вклучувајќи ги побарувањата од Централната влада на Република Македонија и на побарувањата на НБРМ соглсно точка 47 од Одлуката за методологија за утврдување на адекватност на капиталот
b) финансиската состојба и паричните текови на клиентот овозможуваат негово натамошно работење и можност за намирување на тековните и идните обврски кон штедилницата;
v) обврските врз основа на кредитната изложеност се извршуваат во рокот на достасување или со задоцнување до 31 ден;
g) делот од кредитната изложеност којашто е обезбеден со првокласни инструменти за обезбедување, доколку инструментот се активира во рок од 60 дена од рокот на достасување на таа изложеност;
h) во последните 12 месеци не е извршено реструктуирање на кое било побарување од клиентот;
(7) Во категорија на ризик „Б” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми:
1) Клиентот покажува финансиски слабости, но неговите парични приливи се доволни за редовно намирување на достасаните обврски ,
2) обврски врз основа на кредитна изложеност најчесто се извршуваат со задоцнување од 31 до 60 дена, или со исклучок до 90 дена, доколку доцнењето е само повремено во интервалот од 61 до 90 дена и
3) последните шест месеци не е извршено реструктурирање на кредитна изложеност
(8) Во категорија на ризик „В” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми:
1) паричните приливи на клиентот се несоодветни за редовно намирување на обврските ;
2) кредитната изложеност е реструктуирана
3) Изложеност спрема клиент кој има активирано и реализирано обезбедување, а нема нефунционална главница
4) обврските врз основа на кредитната изложеност најчесто се извршуваат со задоцнување до 120 дена, или со исклучок до 180 дена доколку доцнењето е само повремено во интервалот од 121 до 180 дена.
(9) Во категорија на ризик „Г” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми:
1) клиент е неликвиден ;
2) наплата на нефункционална кредитната изложеност која зависи од активирањето на инструментите за обезбедување;
3) обврските врз основа на кредитната изложеност најчесто се извршуваат со задоцнување до 240 дена, или со исклучок до 300 дена доколку доцнењето е само повремено во интервалот од 241 до 300 дена.освен кредитната изложеност којашто не е наплатена во период од една година по датумот на вклучување на вредноста на обезбедувањето во пресметакта на сегашната вредност на очекуваните парични текови
(10) Во категорија на ризик „Д” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми:
1) обврските врз основа на кредитната изложеност најчесто се извршуваат со задоцнување над 241 дена, освен за изложеностите кои може да се класифицирани во Г, каде што е земена вредноста на првокласното обезбедување во пресметка на сегашната вредност на идните парични текови
2) Клиентот го оспорува постоењето на кредитната изложеност(во судска или вонсудска постапка);
3) Штедилницата очекува дека ќе наплати само мал дел од кредитната изложеност кон клиентот.