План за вондредни услови

ПЛАН ЗА ВОНРЕДНИ УСЛОВИ

(1) Со планот за вонредни услови се дефинираат техничките и организациските мерки, како и воведување на процедури за активностите при ризична ситуација по средствата и имотот на Штедилница ФУЛМ ( во понатамошниот текст штедилница).
(2) Планот за вонредни услови е составен од следниве елементи :

1. Дефинирање на настани кои се сметаат како вонредни услови за работа;
2. Поделба на надлежности и определување на лица со посебни права и одговорности и-или вработени во Штедилницата кои ќе бидат одговорни за преземање на соодветни активности при појава на вонредни услови за работа;
3. Создавање услови за непречно продолжување на фукционирањето на најзначајните системи и процеси на Штедилницата;
4. Временски рокови за обезбедување на непречено продолжување на фукционирањето на најзначајните системи и процеси;
5. Детални процеси за непречено фукционирање на најзначајните системи и процеси
6. Начин на информирање при вонредни услови на работење;
7. План за заменување на управните тела;
8. Тестирање на планот за вонредни услови.

(3) Штедилница е должна да обезбеди тестирање на планот за вонредни услови најмалку еднаш годишно и при секоја значителна промена на изложеноста на Штедилницата на оперативен ризик. Тестирањето на планот треба да биде надгедуван од страна на лице од службата за внатрешна ревизија.