Политика за сигурност на информативен систем

ПОЛИТИКА ЗА СИГУРНОСТ НА ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ.

(1) Штедилницата ги има воспоставено следниве видови на сигурносни контроли:

1) Административните сигурносни контроли подразбираат воведување политики, стандарди, упатства и процедури од страна на Единствениот содружник и Управителот на Штедилницата, со кој се воспоставува рамка за управување со сигурноста на информативниот систем;
2) Техничките сигурносни контроли подразбираат употреба на сигурносни мерки кои се вградени во комјутерска опрема, системски софтвер, комуникациска опрема и апликативни програмски решенија при нормални и вонредни услови на работење;
3) Физичките сигурносни контроли подразбираат превземање соодветни мерки за ограничување и контрола на физичкиот пристап до информациите и информативните средства, со цел да се обезбеди заштита од шпионажа, саботажа, пожар, поплава, вандализам, природна катастрофа и од друг вид на оштетување или уништување на целиот или дел од информативниот сиситем.