Политика за управување со репутацискиот ризик
ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕПУТАЦИСКИОТ РИЗИК
(1) Штедилницата воспоставува процедури за постапување по поплаките од страна на клиентите и обезбедува нивна соодветна примена.
(2) Штедилницата воспоставува и применува процедури за навремено и точно известување на регулаторните, супервизорските и на други органи за сите случаи и врз сите основи, предвидени со прописите (Народната банка, Управата за приходи и слично).
(3)Вработените, вклучени во процесот на управување на пазарниот ризик треба да бидат запознаени со содржината на политиката и интерните акти за управување со репутацискиот ризик кои истите ги следат и почитуваат
(4)Штедилницата овозможува запознавање на врботените со содржината на Политиката и процедурите најмалку при измена на прописите,политиките или процедурите поврзани со овој вид ризик
(5) Управувањето со репутацискиот ризик ќе се врши преку:
1) Етички кодекс на Штедилницата – документ кој помага во коминикацијата и пристапот на Штедилницата кон Клиентите, Колегите, Филозофијата на ризик, Проценката на ризикот. Копија од листата на вредности треба да биде доставена до Управителот, Единиствениот содружник и Раководителите на филијалите. Тие треба да го спроведуваат системот на вредности при носење на секоја одлука.
2) Корпоративна комуникација-клуч за основање и одржување на корпоративна култура изградена на листа на вредности е чиста и континуирана комуникација. Комуникацијата прифаќа многу форми како: Делување на Управителот, стратегиски и бизнис план на Штедилницата, Кредитна политика, Признанија на вработените, наградување и обука, кредитен одбор и одобрување на заеми, корпоративен весник и интерни е-маил-ви, состаноци на вработените.