Политика за управување со трошоци

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ

(1) Основни принципи за управување со трошоците

1) Нивото на основните средства во филијалите не може да биде поголемо од 5% од вкупната актива на филијалата и поголемо од 5% од вкупната актива на ниво на Штедилницата консолидирано, освен во исклучителни ситуации.
2) Предметите до износот на 300 евра во денарска противвредност се сметаат за ситен инвентар освен доколку не се евидентирани како основни средства за работа.
3) Производ кој е набавен и се смета за основно средство ќе се амортизира во текот на неговиот функционален век на траење користејќи ги сметководствените стандарди, даночни напатствија и согласно Политиката за сметководство на Штедилница ФУЛМ
4) За секоја набавка или направен трошок мора да има соодветен документ

(2) Систем на управување со трошоците

1) Штедилницата воспоставува систем за управување со трошоците и тој треба да е соодветен на природата, големината и сложеноста на финансиските активности коишто ги врши Штедилницата.
2) Системот ги опфаќа најмалку следните компоненти:
1. Организациска структура за управување со трошоци
2. Процедури за контрола и подмирување на трошоците
3. Информативен систем;