Понуда за поволни договорни услови при плаќање на кредити во Штедилница ФУЛМ

marija covid19 info, Events and promotions

Врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови за кредитните изложености кај банките и штедилниците на Владата на РС Македонија од 25.03.2020г. (Службен весник бр. 80 од 27.03.2020), Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик(Службен весник бр. 76 од 24.3.2020) , а согласно Одлуката за услови под кои се врши кредитирање број 02-3/31 од 27.3.2020 во продолжение е :

ПОНУДА

за поповолни договорни услови при плаќањето на кредити во Штедилница ФУЛМ согласно препораките и мерките дадени/преземени од Владата на Република Северна Македонија за справување со епидемијата на КОВИД-19

1     

За корисници на кредит, членови на ЗГ ФУЛМ, кои се соочуваат или би можеле да се соочат со реални потешкотии во измирување на обврските по основ на кредитите во Штедилница ФУЛМ, а кои до 29.02.2020 година. имале редовен статус на плаќање. 

2     

Кредитокорисници кои обврските по кредитите ги плаќаат индивидуално и имаат статус ,,редовен” кредит     ( категорија А и Б), им понудуваме можност, во следните 3 месеци (Април, Мај и Јуни, 2020), да плаќаат надомест и фиксна и/или променлива камата на кредитот,

а главницата на кредитот, во овој 3-месечен период нема да доспева за плаќање. По истекот на овој тримесечен период, доколку кредитокорисниците навремено и целосно ги плаќаат своите обврски во период од 1.4-30.06.2020 и продолжи вонредната ситуација, Штедилницата ќе  им овозможи да го продолжат овој грејс период за дополнителни 3 (три) месеци. На овој начин, поради одложената отплата на главницата на кредитот,  автоматски ќе дојде до пролонгирање на договорниот рок на кредитот.

3     

За кредитокорисници кои обврските по кредитите ги измируваат со начин на плаќање  преку административна забрана на плата, и имаат статус на ,,редовен” кредит (категорија А и Б), Штедилницата подготви индивидуални понуди и ги повикуваме да не контактираат, за информации околу понуда која најдобро ќе одговара на нивната економска состојба. 

4     

Оваа понуда е со важност од 10 дена од денот на објавувањето и доколку не се изјасните електронски до референтите во филијалите каде што го имате кредитот (info@fulm.com.mk), или директно на шалтерите на Штедилница ФУЛМ, ќе сметаме дека ја прифаќате понудата.

5    

Оваа понуда се објавува на веб-страната на Штедилница ФУЛМ и преку одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација. 

6     

Дополнително, Штедилница ФУЛМ воведе и нов продукт Вонреден кредит, со што ќе Ви се овозможи да ги реорганизирате Вашите обврски по редовни кредити во Штедилница ФУЛМ, со поповолни  услови                                                                                                                                                       

                                                                                                                         

 

 

Датум на објава: 1 Април, 2020
Со желба за добро здравје на Вас и Вашите блиски

Штедилница ФУЛМ