Марија, раководителот на Филијала ЈСП на 14-тиот Форум на кредитни унии во Русија, ја пренесе следната порака:
„Штедилницата ФУЛМ е мала кредитна унија во споредба со големите кредитни унии во Русија и сигурна сум дека ќе научиме многу од вас.
Сепак, би сакала од името на нашите 15 000 членови да Ве поканам да дојдете во Македонија и да видите дека иако не сме многу големи сепак, низ годините, научивме како да изградиме сигурна финансиска организација, софистицирани ИТ системи и поддршка од социјалните медиуми.
Сепак, најмногу ќе видите дека имаме огромно срце за нашите членови и пријатели и посветени вработени коишто веруваат во филозофијата на кредитните унии Луѓе коишто помагаат на луѓе”.