Киро Спиров, Скопје
Јас сум меѓу првите членови штедачи во ФУЛМ. Долго време ја користев услугата за штедење од плата (доброволен влог) и секогаш ми остануваа екстра заштедени пари за на летување, регистрација на кола и слично. Пред извесно време, синот ми соопшти радосна вест дека решил да се жени и пријатно ме изненади. Тоа беше дополнителна причина да побрзам со реновирање на горниот спрат од куќата, предвиден за младите, но ми недостигаа пари за довршување на купатилото и уште некои детали. Веднаш се сетив на ФУЛМ и дека Вие постоите за да ни помогнете кога најмногу ни треба. Се обратив во филијалата ЈСП во Автокоманда и како и секогаш, ме услуживте брзо и ефикасно. За само два дена ми беше одобрен кредитот, а јас стигнав навреме да го завршам реновирањето на купатилото и спратот, за да ја дочекаме снашката како што треба.
Навистина Ви благодарам, што секогаш сте тука за нас!
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање