План за непрекинатост во работењето

ПЛАН ЗА НЕПРЕКИНАТОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

(1) Планот за непрекинатост на работењето е основа во процесот на управување со непрекинатост во работење на Штедилница ФУЛМ

(2) Управување со непрекинатост на работењето – преставува комплексен процес со кој се идентификуваат и дефинираат потенцијалните опасности врз штедилницата, како и утврдување на влијанието кое би го имале овие опасностите врз работните операции доколку се реализираат и   утврдување и спроведување на превентивни мерки, со цел да се минимизираат оперативните грешки, како и мерки на брзо санирање и опоравување до колку би се случил инцидент .

3) Значајни елементи на планот за непрекинатост се:

  1. Дефинирање на кртични операции и операции коишто зависат од надворешни лица
  2. Анализа на влијанијата за прекин на работењето и проценка на ризик
  3. Дефинирање и класификација на ризиците од работењето
  4. Идентификување на ризици
  5. Стратегија во случај на криза
  6. Обука на вработени за Планот за непрекинатост на работење
  7. Тестирање на Планот за непрекинатост на работење