Политика за депозити
ПОЛИТИКА ЗА ДЕПОЗИТИ
(1) Штедилница прибира депозити од физички лица
(2) Сите прибрани депозити во Штедилницата се осигурани во Фондот за осигурување на депозити на Репиблика Македионија.
(3) Штедилницата работи со депозити во согласност со Одлука за услови под кои се врши прибирање на депозити усвоена од Единствен содружник.
(4) Во Штедилницата максимален износ на депозити при вложување е до 20.000 евра по лице. Максималниот износ може да се менува согласно со Одлука на Управителот со обврска на Управителот на првата наредна седница да го извести Единствениот содружник со Одлука/Заклучок може да го потврди, намали или зголеми максималниот износ на депозити при вложување за потребите за управување со ликвидниот ризик или за усогласување со законските лимити.
(5) Пресметката на камата на депозитите се врши со примена на конформна метода на дневна основа, а висината на каматната стапка се определува со Одлука за услови под кои се врши прибирање на депозити усвоена од Единствениот содружник.
(6)За депозитите без капитализација камата се подига месечно на денот на доспевање. Доколку истата не се подигне, добива третман на депозит по видување.
(7)При антиципативно вложување камата се подига однапред за целиот период на вложување, а доколку депозитот се раскине пред рокот на доспевање се пресметува камата по видување, а депозитарот врши поврат на однапред исплатената камата.
(8)Службата за внатрешна ревизија е одговорна, согласно Политиката за внатрешна ревизија и Годишниот план за интерна ревизија, да изврши контрола и ревизија на примената на Политиката и процедурите за прибирање, евиденција и исплата на депозитите.