Политика за начинот на утврдување на поврзани лица
ПОЛИТИКА за начинот на утврдување поврзани лица и за лимитите на изложеност
- Штедилницата има воспоставено систем за утврдување,следење и контрола на поврзани лица и лимити на изложеност. Системот содржи:
- Документација за утврдување на поврзаноста
- Интерни системи за следење на изложеноста и вложувањата
- Информативен систем
- Внатрешна контрола и ревизија
- Службата за внатрешна ревизија врши ревизија на начинот на утврдување на поврзаните лица и на лимитите на изложеност, согласно со Политиката за внатрешна ревизија и Годишниот план за внатрешна ревизија.
Поврзани лица со Штедилницата
- Поврзани лица со Штедилницата се по следните основи:
- Содружник со квалификувано учество во штедилницата, што остварува контрола во штедилницата и лица поврзани со него:
- ЗГ ФУЛМ со 100% учество во Штедилницата, како Единствен содружник;
- Претседател за ЗГ ФУЛМ и со него поврзани лица;
- Претставници на Единствен содружник кои учествуваат во одлучување и контрола во Штедилницата и лица поврзани со нив;
- Лица со посебни права и одговорности во штедилницата и лицата поврзани со нив:
- Управител на штедилницата и лицата поврзани со него;
- Сметководител во Штедилницата и лицата поврзани со него;
- Лице вработено во службата за внатрешна ревизија и лицата поврзани со него;
Поврзани лица – клиенти на штедилницата
- Клиентите во штедилницата се физички лица и се поврзуваат по следните основи:
- Роднинска поврзаност со следните релации:
- брачни другари,
- лице со кое живее во вонбрачна заедница,
- родител и дете,
- старател на друго физичко лице,
- Економска поврзаност со следните релации:
- Лица коишто имаат заеднички обврски врз основа на договор склучен со банката (Кредитокорисник и жирант во случаите кога е реализирано обезбедувањето од жирант, пратена опомена до жирант, повремена уплата од жирант, кога има две последователни рати и кај сите нефункционални кредити)
- Кредитокорисник и давател на обезбедување (сопственик на владетелски залог или депозит)
- Кредитокорисник/ депоненти уплатувач на кредит доколку 50% од уплатите за кредит во последните дванаесет месеци произлегуваат од трансакции со уплатувачот;