Политика за сигурност на информативен систем

ПОЛИТИКА ЗА СИГУРНОСТ НА ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ

  • Штедилницата ги има воспоставено следниве видови на сигурносни контроли: 
  • Административните сигурносни контроли подразбираат воведување политики, стандарди, упатства и процедури од страна на Единствениот содружник и Управителот на Штедилницата, со кој се воспоставува рамка за управување со сигурноста на информативниот систем;
  • Техничките сигурносни контроли подразбираат употреба на сигурносни мерки кои се вградени во комјутерска опрема, системски софтвер, комуникациска опрема и апликативни програмски решенија при нормални и вонредни услови на работење;
  • Физичките сигурносни контроли подразбираат превземање соодветни  мерки  за ограничување и контрола на физичкиот пристап до информациите и  информативните средства, со цел да се обезбеди заштита  од шпионажа, саботажа, пожар, поплава, вандализам, природна катастрофа и од друг вид на оштетување или уништување на целиот или дел од информативниот систем и електронска конторола на пристап во сервер соба на примарна локација.