ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТЕН РИЗИК
ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТЕН РИЗИК
- Политика за управување со кредитен ризик (во понатамошниот текст Политиката) е дел од целокупниот систем на Штедилницата за управување со ризици со цел да ги исполни барањата за управување со кредитниот ризик определени со важечката законска регулатива и го дефинира пристапот на Штедилница ФУЛМ (во понатамошниот текст Штедилницата) кон кредитирање на клиенти.
- Кредитите во Штедилницата се наменски или ненаменски.
- Штедилницата со Одлука за нов продукт, усвоена од Единствен содружник, ги дефинира причините, условите, пазарната цел и начинот на одобрување на кредитот.
- Штедилницата врши кредитирање во согласност со Одлука за услови под кои се врши кредитирање, усвоена од Единствен содружник.
- Кредити се одобруваат на кредитобаратели кои можат да докажат дека кредитот:
- ќе придонесе за подобрување на економската и социјалната состојба на кредитобарателот, па со тоа и на заедницата.
- ќе ја зголеми способноста на кредитобарателот да создава или одржува приходи и за лична или фамилијарна финансиска сигурност.
- ќе ја подобри способноста на кредитобарателот да ги управува своите лични, финансиски и физички извори поефикасно.
- нема да го искористи за отплата на достасани обврски кон Штедилница или на некоја обврска кон Штедилницата која достасува во рок од 31 ден.
- Кредити се одобруваат на кредитобаратели кои ги исполнуваат следниве критериуми:
- Карактер – кредитобарателот мора да е познат на Штедилницата како угледен човек со одговорен карактер. Кредитобарателот треба да покаже воља да придонесува за доброто на заедницата и за подобрување на социјалната и економската состојба во рамките на заедничката врска. При анализа на карактерот на кредитобарателот (лица/поврзани лица со кои Штедилницата и/или Основачот имаа нарушени деловни односи) да се врши дополнителна зголемена контрола при потенцијално кредитирање и доколку се утврди зголемување на кредитниот ризик тоа лице да се одбие.
- Капитал – се однесува на анализа на сите средства со кои располага кредитобарателот.
- Залог – обезбедување што е потребно за да се одобри кредит (залог на подвижен и хипотека на недвижен имот, осигурување на кредит, меници, жиранти и др.).
- Кредитобарателот може повторно да користи кредит од Штедилницата ако редовно ги има подмирено предходните обврски.
- Ако кредитобарателот не успеал навремено да ги отплати претходните кредити или ако се наоѓа во фаза на доцнење со отплатата на претходно земен кредит, односно кредитот е наплатен од жирантите , а не е пренесен во нефукционално побарување, може да добие нов кредит само со поголемо обезбедување на кредитот од вообичаеното за тој вид на кредит и/или доколку има обезбедување со залог златни предмети или обезбедување во парични депозити во Штедилницата
- За кредитобаратели кои имаат активна кредитна изложеност која е класифицирана во нефункционално побарување во Штедилницата , штедилницата при одобрување на нов кредит нема да одобри повисока кредитна изложеност.
- За кредитобаратели кои имале кредитна иложеност која била класифицирана како отпишано побарување во Штедилницата, можат да добијат нов кредит по изминување на 12 месеци по целосно измирување на отпишаното побарување, со поголемо обезбедување на кредитот од вообичаеното за тој вид на кредит и/или доколку има обезбедување со залог златни предмети или обезбедување во паричен депозит во Штедилницата
- Штедилницата одобрува кредити на кредитобаратели кои имаат нефункционални и/или отпишани побарувања согласно податоците од КРИС, кои се до износ на нефукционално и/или отпишано побарување прифатливо за кредитирање утврден во Одлука за услови под кои се врши кредитирање на физички лица.
- Кредитната способност на клиентот се оценува најмалку според следните критериуми:
- Карактерот на клиентот, односно неговите статусни и економски особености, квалитетот на програмата/проектот (доколку е потребен) за што е побарана финансиска поддршка од Штедилницата;
- Висината на капиталот и имотната сила на клиентот, вклучувајќи ја неговата способност за остварување на идни парични приливи за отплата на обврските
- Капацитет – кредити се одобруваат само на кредитобаратели кои ќе покажат пред Штедилницата дека имаат способност да ги исплаќаат месечните рати за отплата на кредитот, вклучувајќи ја и каматата и надомести, навремено. За оваа цел ќе треба да се процени и состојбата на кредитобарателите во врска со нивните месечни приходи, како и нивните обврски при тоа дефинирајќи прифатливо ниво на извор на отплата во однос на изложеност на кредитниот ризик, при што како главен индикатор се зема во предвид движењето на трошоците за живот, и треба да се разгледа нивната стабилност во поглед на вработувањето, деловната и станбената стабилност. Кредитобарателите кои редовно штедат ќе добијат приоритет во однос на определувањето на нивната кредитоспособност.
- проценка на веројатноста дали употребата на средствата според договорената намена на кредитот или друг облик на изложеност на кредитен ризик ќе предизвика готовински прилив кај клиентот во обем и динамика што ќе одговара на договорениот начин на отплата на обврските.
- Перспективата на клиентот и на дејноста на која и припаѓа клиентот – анализа на ситуацијата во стопанството и/или технички и социјални аспекти кои можат да имаат влијание врз одлуката за одобрување на кредитот.
- Можните влијанија од лицата поврзани со клиентот врз неговата кредитна способност;
- Нивото на задолженост на клиентот врз основа на кредити и други форми на кредитна изложеност од Штедилницата и од други банки, обврски кон други правни и физички лица и слично, утврдени врз основа на внатрешни и /или надворешни извори на податоци. (извор на податоци: последно објавен Кредитен регистар на Народна банка); и
- Влијанието на лица поврзани со клиентот врз кредитната способност на клиентот.
- Нивото на показателот ДТИ (анг. Debt to Income) – како однос помеѓу износот на вкупните обврски на клиентот физичко лице врз основа на кредитни изложености на банки и штедилници на месечна основа и неговиот вкупен месечн приход. Штедилницата при определување на кредитна способност на кредитокорисник може да пресметува два показатели ДТИ и тоа:
- показател ДТИ 1 кој се пресметува како однос помеѓу износот на вкупните обврски на клиентот физичко лице врз основа на кредитна изложеност на банки и штедилници на месечна основа и неговиот вкупен потврден месечен приход;
- показател ДТИ 2 кој се пресметува како збир на износот на вкупните обврски на клиентот физичко лице врз основа на кредитна изложеност на банки и штедилници на месечна основа и износот на потрошувачка кошничка во однос на вкупните семејни приходи(потврдени и непотврдени) .
- При утврдување на уредноста во измирувањето на обврските од страна на клиентот се има предвид:
- Тековните денови на доцнење и начинот на намирување на кредитната изложеност во текот на предходниот период од најмалку шест месеци;
- Кредитната историја на клиентот, преку проверка на вообичаениот начин на отплаќање на сите обврски на клиентот во текот на претходниот период од најмалку 6 месеци
- Денови на доцнење во исполнувањето на обврските врз основа на кредити и други форми на кредитна изложеност од други банки или обврски кон други лица утврдени најмалку врз основа на последните расположливи податоци (на пр. Кредитниот регистар на Народната банка и слично)
- При утврдување на квалитетот на обезбедувањето се имаат предвид следните елементи:
- можноста за продажба на обезбедувањето;
- документираноста на обезбедувањето и можноста за негов надзор од страна на Штедилницата;
- можност за присилна наплата на обезбедувањето;
- Нивото на показател ЛТВ (анг. Loan -to-value) како однос помеѓу износот на кредитната изложеност и проценетата вредност на обезбедувањето кај кредитни партии обезбедени со владетелски залог пресметан на ден на одобрување. Дозволеното ниво на показателот ЛТВ се утврдува во Одлука за услови под кои се врши кредитирање на физички лица.
- Штедилницата може да одобрува кредити со променлива договорна каматна стапка, со фиксна договорна каматна стапка и со фиксна договорна каматна стапка за определен период, а променлива за остатокот од период на користење на кредитот, согласно важечка Одлука за услови под кои се врши кредитирање на физички лица. Единствениот содружник на Штедилницата ја носи Одлука за услови под кои се врши кредитирање на физички лица.
- За кредитите одобрени до влегување во примена на оваа политика односно до 31.12.2017 година, а се со прилагодлива каматана стапка, каматната стапка ке се ревидираат согласно одлука за промена на каматна стапка донесена од Единствен содружник на Штедилницата.
- Начинот на пресметката на каматата е со принципот на пропорционална метода со дневна пресметка на ниво на 365/366 дена, со примена на методот на ануитетни плаќања, со месечна камата, надомести и главницата доспева по определен период од Договорот и со каматата која се плаќа месечно антиципативно или декурзивно за време на грејс периодот, а по истекот на грејс периодот главницата доспева месечно со примена на методот на ануитетни плаќања се до истекот на временскиот период за кој е одобрен кредитот.
- Каматата се пресметува за период од последната уплата во тековниот месец до денот на доспевање. Доспеаната камата се евидентира на камата до 30 дена, а доспеаната камата од претходниот месец се евидентира на доспеана над 30 дена
- Одлуката за условите под кои се врши кредитирање на физички лица во Штедилницата важи за сите организациони единици. Одлуката за промената на условите под кои се врши кредитирање на физички лица, организационите единици се обврзани да ја истакнат јавно на огласните табли.
- Штедилницата пресметува надоместоци кои влегуваат во пресметката на СВТ и надоместоци кои не влегуваат во пресметката на СВТ.
- Некои надоместоци ќе ги пресметува и наплатува месечно на денот на доспевањето, а некои надоместоци ќе ги пресметува во моментот на нивното настанување.
- Потрошувачот ќе биде информиран за надоместоци кои не влегуваат во пресметката на СВТ преку Договорот за кредит
- Примената на Одлуката за услови под кои се врши кредитирање на физички лица се врши согласно процедурите и интерните акти на Штедилницата.