Политика за управување со ликвидносниот ризик

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСНИОТ РИЗИК

  1. Со оваа политика се пропишува методологијата за управување со ликвидносниот ризик со која се определуваат опфатот и елементите на управувањето со ликвидносниот ризик.
  2. Оваа Политика за управување со ликвидносниот ризик ги опфаќа следните елементи:
  3. Постапка и правила за утврдување и следење на стапката на покриеност со ликвидност;
  4. утврдувањето и одржувањето соодветно ниво на ликвидност;
  5. воспоставувањето и редовното ревидирање на планот за управување со ликвидносниот ризик во вонредни услови;
  6. Организациска структура за управување со ликвидносниот ризик;
  7. Постапки и процедури на внатрешна контрола и ревизија;
  8. Информативен систем;
  9. Стрес-тестирање;
  10. Одржувањето на соодветно ниво на ликвидност Штедилницата извршува со:
    • Планирање и управување со приливите и одливите на парични средства ;
    • Воспоставување и одржување на соодветна рочна структура на активата и пасивата ;
    • Користење на претпоставките за очекувана резидуална рочност;
    • Утврдување и следење на концентрација кај изворите на средства;
    • Одржување на стапките на покриеност со ликвидност пропишани со одлуките на НБРСМ
    • Утврдување и следење на интерните ликвидносни показатели.