Политика за управување со ризик од работа со парични средства
ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ОД РАБОТА СО ПАРИЧНИ СРЕДСТВА
(1) Штедилницата обезбедува еднообразен начин и постапки за идентификување, следење, мерење и контрола на ризикот од работа со парични средства.
(2) Штедилницата обезбедува :
1. контрола на извршување на работите во врска со паричните средства ( самоконтрола, контрола од раководител, контрола од Единствениот содружник, контрола од лицето задолжено за внатрешна контрола, контрола од секторот за сметководство, контрола од службата за внатрешна ревизија)
2) извршување на следствени операции од страна на различни лица заради спречување контрола на целината на трансакциите само од страна на едно лице т.е. (поделба на трансакциите со парични средства на лица кои ја подготвуваат документацијата, а други ја вршат проверката и/или исплатата и уплатата)
3) поддршка од информациониот систем за идентификација на ризикот (лозинки за влез во апликацијата за работа со парични средства) и слично.
(3) Штедилницата извршува осигурување на паричните средства во осигурителна компанија со добра репутација