Политика за управување со трошоци
ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ
(1) Основни принципи за управување со трошоците
- Нивото на основните средства во филијалите не може да биде поголемо од 5% од вкупната актива на филијалата, освен во Централата и освен во исклучителни ситуации.
- Предметите до износот на 300 евра во денарска противвредност се сметаат за ситен инвентар освен доколку не се евидентирани како основни средства за работа
- Производ кој е набавен и се смета за основно средство ќе се амортизира во текот на неговиот функционален век на траење користејќи ги сметководствените стандарди, даночни напатствија и согласно Политиката за сметководство на ШтедилницаФУЛМ
- За секоја набавка или направен трошок мора да има соодветен документ
(2) Систем на управување со трошоците
1) Штедилницата воспоставува систем за управување со трошоците и тој треба да е соодветен на природата, големината и сложеноста на финансиските активности коишто ги врши Штедилницата.
2) Системот ги опфаќа најмалку следните компоненти:
- Организациска структура за управување со трошоци
2. Процедури за контрола и подмирување на трошоците
3. Информативен систем;