Политика за утврдување на исправка на вредноста и оштетување

ПОЛИТИКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТА И ОШТЕТУВАЊЕ

(1) Изложеноста на кредитен ризик, која е предмет на класификација од страна на Штедилницата, ги опфаќа:

1) Активните билансни позииции врз основа на следниве побарувања: кредити, депозити, вложувања во должнички инструменти, побарувања врз основа на договори за лизинг, откупени побарувања (факторинг и форфетинг), извршени плаќања врз основа на дадени гаранции, акредитиви, авали и други вонбилансни позиции; камати, провизии и надомести; побарувања врз основа на трговски и други договори со клиенти и други финансиски средства коишто ја изложуваат штедилницата на кредитен ризик

2) побарувања по аванси за гориво од правни лица, побарувања од закуподавци за дадени депозити, побарувања по аванси на вработени

(2) Следните позиции не се дел од кредитната изложеност:

1) паричните средства, златото и другите благородни метали, средствата на сметките на Штедилницата кај НБРСМ (во понатамошниот текст: Народната банка), вложувањата во подружници, придружени друштва и во заедничко дејствување, нематеријалните средства, земјиштето, недвижностите и опремата, природните богатства, средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, средствата за работа и залихите;

2) финансиските средства коишто ја изложуваат Штедилницата на пазарен и/или друг вид ризик, различен од кредитниот ризик: вложувањата во сопственички инструменти, вложувањата во должнички инструменти коишто се мерат по објективна вредност преку билансот на успех и кредитите и побарувањата коишто се мерат по објективна вредност преку билансот на успех.

(3) Штедилницата утврдува исправка на вредноста и посебна резерва за кредитните изложености врз основа на утврдената очекувана кредитна загуба на поединечна и/или на групна основа, најмалку на месечна основа, при што во своите интерни акти пропишува за кои кредитни изложености утврдувањето на очекуваната кредитна загуба е на поединечна основа, а за кои на групна основа

(4) При класификација на кредитна изложеност при секај натамошна класификација, штедилницата ги има во предвид :

1) Промените во кредитната способност на клиентот;

2) Уредност во измирувањето на обврските;

3) Обезбедувањето

(5) Штедилницата врши класификација во следниве категории на ризик

1) Во категорија на ризик „А” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми:

– побарувања од Европската централна банка, како и од централните влади и централните банки на земји за кои согласно со регулативата на Народната банка за Методологијата за утврдување на адекватност на капиталот се применува пондер на ризичност од 0%

– финансиската состојба и паричните текови на клиентот овозможуваат непречено работење и можност за намирување на тековните и идните обврски кон штедилницата;

– обврските врз основа на кредитната изложеност се извршуваат во рокот на достасување или со задоцнување до 31 ден; или со исклучок до 60 дена, доколку доцнењето е најмногу двапати во интервалот од 32 до 60 дена во претходниот период од шест месеци

– делот од кредитната изложеност којашто е обезбеден со првокласни инструменти за обезбедување, доколку инструментот се активира во рок од 60 дена од рокот на достасување на таа изложеност;

– кредитната изложеност којашто се наоѓа во последната година од пробниот период

– По исклучок на ставот 1 алинеја 3 од овој член, Штедилницата може во категоријата на ризик „А да ја класифицира кредитната изложеност којашто на датумот на класификација се намирува со задоцнување подолго од 31 ден, доколку вкупниот износ што не е наплатен подолго од 31 ден е помал од 500 денари и задоцнувањето не е подолго од 60 дена.

 

2) Во категорија на ризик „Б” се класифицира

– Изложеност кон клиент за кој заради финансиски слабости се очекуваат потешкотии во намирување на неговите обврски, но неговите парични приливи се доволни за редовно намирување на достасаните обврски ,

– кредитна изложеност најчесто чии што обврски се извршуваат со задоцнување до 60 дена, или со исклучок до 90 дена, доколку доцнењето е само повремено во интервалот од 61 до 90 дена во претходниот период од 6 месеци

– кредитната изложеност којашто има третман на реструктурирана кредитна изложеност;

– кредитната изложеност којашто најмалку една година нема третман на реструктурирана нефункционална кредитна изложеност.

3) Во категорија на ризик „В” се класифицира

– кредитна изложеност на клиентот чии парични приливи се несоодветни за редовно намирување на обврските;

– кредитната изложеност којашто има третман на реструктурирана кредитна изложеност и исполнет е најмалку уште еден критериум од оваа потточка

– Изложеност спрема клиент кој има активирано и реализирано обезбедување, а нема нефункционална главница

– кредитна изложеност каде обврските се извршуваат со задоцнување до 120 дена, или со исклучок до 180 дена доколку доцнењето е најмногу двапати во интервалот од 121 до 180 дена во претходниот период од 6 месеци.

– За нефункционалните кредитни изложености класифицирани во категоријата на ризик „В, штедилницата треба да утврди исправка на вредноста, односно да издвои посебна резерва од најмалку 30% од износот на кредитната изложеност.

4) Во категорија на ризик „Г” се класифицира

– кредитна изложеност на клиент е неликвиден;

– реструктурирана нефункционална кредитна изложеност за која клиентот доцни повеќе од 60 дена или за која е одобрено ново реструктурирање

– кредитна изложеност каде обврските најчесто се извршуваат со задоцнување до 240 дена, или со исклучок до 300 дена доколку доцнењето е најмногу двапати во интервалот од 241 до 300 дена во претходниот период од 6 месеци.

5) Во категорија на ризик „Д” се класифицира кредитна изложеност која ги исполнува следните критериуми:

– обврските врз основа на кредитната изложеност најчесто се извршуваат со задоцнување над 241 дена, односно над 600 дена за кредитната изложеност обезбедена со првокласен инструмент за обезбедување

– Клиентот го оспорува постоењето на кредитната изложеност (во судска или вонсудска постапка);