Политика за внатрешна контрола

ПОЛИТИКА ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА

(1) Системот на внатрешна контрола опфаќа остварување на:
(1) оперативни цели – што подразбира ефикасно извршување на секојдневните работни задачи,се со цел да се обезбеди ефикасно користење на средствата (активата),одговорно располагање со паричните средства,побарувањата и имотот, во насока на максимизирање на вредноста на Штедилницата;
(2) информативни цели – што подразбира обезбедување на точен и вистинит приказ на побарувањата, обврските, приходите и расходите на Штедилницата, врз основа на кои ќе се подготвуваат реални, веродостојни, комплетни, редовни и конзистентни финансиски извештаи за интерно и екстерно известување;
(3) цели за усогласеност – што подразбира усогласеност и сигурност дека сите активности се извршуваат во согласност со важечката законска регулатива и со пропишаните интерни политики и процедури кои важат во Штедилницата.