Политика за воведување нов производ

ПОЛИТИКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НОВ ПРОИЗВОД

(1) Со оваа политика се пропишува начинот на воведување и усвојување нов производ -кредитен или депозитен продукт , нов производ – давање на услуги за економски финансиски консалтинг и нов производ – преземени кредитни партии од други финансиски институции и финансиски друштва,начинот на воведување и усвојување на нов процес и/или канал на дистрибуција, вклучително и значителна промена на постоен  производ ,услуга , процес и канал на дистрибуција, изготвување на  оперативна процедура, имплементација во информативниот систем, маркетинг активност за промоција на новите производи, услуги и канали за дистрибуција  на Штедилница ФУЛМ (во понатамошниот текст Штедилницата)

(2) Штедилницата при воведување на нов производ ги спроведува сите неопходни консултации со сектор сметководство, со лице задолжено за информативниот систем на Штедилницата, со службата за внатрешна ревизија, користење на услуги од надворешни соработници (адвокати, нотари, независни проценители – златари )

(3) Штедилницата при воведување на нов производ  врши испитување на сите ризици  (кредитен, ликвиден, валутен, пазарен, оперативен, ризик од промена на каматните стапки), врши анализа на  влијанието на новиот производ  врз капицитетот на Штедилницата, користејќи систем на рангирање на влијанието  со нивоа од 1 до 5, односно 1-нема, 2 – минимално, 3- средно, 4 – значително и 5-  многу значително, како и анализа на влијанието на  новиот производ врз управувањето со оперативниот ризик.