Политика за заштита на лични податоци

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

(1) Личните податоци во Штедилница Фулм се:

  • обработуваат правично и во согласност со закон;
    • собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели;
    • соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат;
    • точни, целосни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветно мерки за бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле собрани или обработени ;
    • чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за понатамошна обработка;
    • обработуваат врз основа на дадена согласност на субјектот на лични податоци.
  • Штедилница ФУЛМ при водење на збирки на податоци применува технички и организациски мерки. Тие се однесуваат на следните збирки:
  • Евиденција на вработените работници
  • Евиденција за потреба од работници
  • Евиденција за плати
  • Евиденција за годишни одмори
  • Евиденција за боледување
  • Евиденција за повредите при работа
  • Евиденција за корисниците на права од инвалидско осигурување
  • Евиденција на клиенти
  • Евиденција на клиенти врз основа на ДЦА програмата
  • Евиденција на клиенти врз основа на ДЦА 2016 програмата
  • Евиденција на отпишани кредити
  • Евиденција на жиранти
  • Евиденција на членови на органи на управување
  • Евиденција на физички лица -даватели на услуги
  • Евиденција на физички лица – закуподавци
  • Евиденција на физички лица – практиканти и волонтери
  • Евиденција на одбиени кредитобаратели и одбиени жиранти
  • Евиденција на видео записи
  • Евиденција на штрајкови
  • Евиденција на записи за физички пристап