ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

1.Личните податоци во Штедилница Фулм се:

– обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во односна субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност”),

– собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели.

– соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци”),

-точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност”),

– чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци,не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за историски или за статистички цели на Штедилницата, а со применување на соодветни технички и организациски мерки, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување”),

– обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните

податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивнослучајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост”).

2.Штедилница ФУЛМ при водење на збирки на податоци применува технички и организациски мерки. Тие се однесуваат на следните збирки:

  • Збирка на клиенти на Штедилницата;
  • Збирка на вработени и потреба за вработување;
  • Збирка на физички лица даватели на услуги и закуподавачи;
  • Збирка на членови на органи на управување и со нив поврзани лицa;
  • Збирка на лица добитници на награди и подароци;
  • Збирка на лица за кои се побарани податоци од УЈП, УФР, ДКСК, нотари;