Политика за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ ПРИ ДОГОВОРИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

(1) Со Политиката за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредит се уредува заштита на потрошувачите при склучување и реализација на договори за потрошувачки кредит во кои како корисник на кредитот се јавува потрошувачот, кој го користи кредитот во обем и за намени предвидени со оваа политика.
(2) Оваа политика ги опфаќа следниве поглавја:

  1. каматната стапка, фиксна или варијабилна или и двете, со детали за сите надоместоци вклучени во вкупните трошоци на потрошувачкиот кредит;
  2. вид на кредит;
  3. вкупниот износ на кредитот;
  4. годишната стапка на вкупни трошоци;
  5. траење на договорот за потрошувачки кредит доколку е применливо;
  6. вкупниот износ што го плаќа корисникот на кредит и износот на ратите, доколку е применливо.
  7. Право на корисникот на кредит и на Штедилницата;
  8. Посредување при склучување на потрошувачки кредит ;
  9. Дозвола за кредитори;
  10. Постапка за одбивање на барања
  11.  Извештаи
  12. Организациона структура
  13.  Интерна ревизија и надзор;
  14.  Преодни и завршни одредби

(3) Секое рекламирање во врска со договорите за потрошувачки кредити, кое индицира каматна стапка или податоци поврзани со трошоците за кредитот, мора да ги содржи следните информации кои се даваат на јасен, прецизен и лесно видлив начин преку репрезентативен примерок и се однесуваат на:

  1. Kаматната стапка, фиксна или варијабилна или и двете, со детали за сите надоместоци вклучени во вкупните трошоци на потрошувачкиот кредит;
  2. Вид на кредит;
  3. Вкупниот износ на кредитот;
  4. Годишната стапка на вкупни трошоци;
  5. Tраење на договорот за потрошувачки кредит доколку е применливо;
  6. Вкупниот износ што го плаќа корисникот на кредит и износот на ратите, доколку е применливо.