Горди сме што сме основоположници на Европската мрежа на кредитни унии која оваа година го слави јубилејот од 10 години постоење. По тој повод Европскиот Парламентарец Били Келер, Ко-претседавач на Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии ќе изјави:
“Кредитните унии се темел на кој растат и напредуваат илјадници заедници низ Ирска, а впрочем и низ Европа.
За разлика од банките, кредитните унии на своите членови гледаат како на соседи, а не само како на клиенти.
ЕУ мора да започне фер однос кон кредитните унии и да се осигура дека тие ќе можат да продолжат да ги поддржуваат своите членови и своите заедници.”