Љубица Лазова, Кавадарци
Член сум во ФУЛМ уште од јули 2013 година. Како студент на Филолошки факултет Скопје, прв пат земав кредит од Штедилница Фулм во филијалата Тиквешија во Кавадарци. Кредитот ми беше потребен за патување во Минхен, Германија, со цел учење и усовршување на Германскиот јазик,а воедно и да заработам џепарлак за време на летото како и повеќето млади. Во текот на студиите континуирано користев студентски кредити и последователно три години патував за Германија. Благодарение на Штедилница ФУЛМ, која секогаш ми излегуваше во пресрет кога ми беа потребни финансиски средства за патување, едукација, усовршување и вложување во себе, денес работам како успешен професор во приватно училиште за странски јазици и го пренесувам знаењето на нови и млади генерации. Последниот кредит го земав како вработена за да си купам автомобил.
Ви благодарам, Штедилница ФУЛМ