Оваа пролет ја започнуваме ИНИЦИЈАТИВАТА - ЗАЕДНО да го направиме светот поубаво место за живеење..
,,АКО САКАШ ДА СИ IN- БИДИ ECO-GREEN!”
Штедилница ФУЛМ дава поддршка на сите иновативни, зелени идеи и бизниси
кои работат во насока на одржливиот развој, зачувување на планетата земја, заштита на околината ...
Токму затоа, во месецот на жената, Штедилница ФУЛМ, поттикната од Форумот на жени-лидери на ФУЛМ Македонија
нуди бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА
на веб страната и социјалните медиуми на ФУЛМ,
со цел поттикнување на зеленото социјално претприемништво и можност за презентација на Вашите бизнис идеи,
производи и услуги на пошироката јавност, како и поттикнување на свесноста за зачувување на животната околина и
штедливо и паметно искористување на обновливите ресурси преку овие бизниси.
Кампањата за бесплатна промоција на ЗЕЛЕНИТЕ БИЗНИСИ НА ЖЕНИТЕ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА
има за цел да ги поттикне и охрабри жените во Македонија за да преземат иницијатива за подобрување
на сопствениот живот и напредок, напредокот на членовите на своите семејства и пошироко – за целата заедница!
Како да се пријавите за БЕСПЛАТНА промоција на Вашиот бизнис?
Пополнете го формуларот за интерес за ЗЕЛЕНА БЕСПЛАТНА ПРОМОЦИЈА на ОВОЈ ЛИНК
A потоа ќе бидете контактирани за понатамошни насоки за промоцијата на Вашиот бизнис.
Следете не' на социјалните медими Facebook и Instagram
Поврзувањето на жените, инспирацијата која жените лидери ја даваат во своите средини, а со тоа ги поттикнуваат и охрабруваат жените од нашата земја и ширум светот е суштината на постоењето на Форумот на жени лидери на ФУЛМ Македонија, основан во 2016 година, како дел од Глобалната мрежа на жени лидери GWLN и Светскиот совет на кредитни унии WOCCU