Меѓународeн ден на кредитните унии 21 октомври 2021

marija Настани и Промоции

Image

На 21 октомври 2021 година, над 375 милиони членови од 86.451 кредитни унии на 6 континенти,

ќе го прослават 73-тиот Меѓународен ден на кредитните унии

(International Credit Union Day)

Од првата прослава во 1948 година, Денот на кредитните унии е ден за истакнување и прославување на достигнувањата на кредитните унии и сè поголемата финансиска вклученост и ветувачка иднина за луѓето ширум светот, со верување дека сите луѓе треба да имаат пристап до достапни, сигурни и одржливи финансиски услуги.

Темата на прославата на Денот на кредитните унии, оваа година, е насловена како

,,Градиме финансиско здравје за подобро утре”

Building financial health for a brighter tomorrow

и е вистински одраз на посветеноста и напорната работа на Штедилница ФУЛМ во изминатите 22 години.

Упатуваме покана до сите наши членови да нè посетат во нашите филијали на 21 октомври 2021 (четврток), со задолжително почитување на мерките против Covid 19 и заедно да го одбележиме овој посебен ден за нас. Овој ден е секако посебен и за Вас коишто верувавте и во ФУЛМ го најдовте Вашето сигурно место за финансиска поддршка во сите ваши животни предизвици.

Честитки до нашите членови коишто бројат над 12.000 членови, и до оние коишто беа, и оние коишто ќе бидат дел од нас, со порака дека Доброто финансиско здравје кое го градиме денес, ќе ни донесе подобро утре!

Светскиот совет за кредитни унии (www.woccu.org ) е глобална трговска асоцијација и развојна платформа за кредитни унии. Светскиот совет промовира одржлив развој на кредитните унии и други финансиски задруги низ целиот свет за да ги зајакне луѓето преку пристап до висококвалитетни и достапни финансиски услуги.