Механизација за раноградинарски култури

marija Вашите Тикет за бериќет искуства

Image

Голема благодарност до Штедилница ФУЛМ што ми излегоа во пресрет тогаш кога ми беше најпотребно. Уште поголема благодарност до целиот стручен тим кој работи во Штедилница ФУЛМ на кои се должи оваа успешна соработка Тамер И.

Личната приказна на Тамер Идризов е вреден пример за успешна приказна која може да мотивира и инспирира.

Нашиот Тамер Идризов од с.Банско е земјоделец, корисник на услугите на Штедилница ФУЛМ и член на филијалата во Струмица уште од 2017 година. Тој веќе неколку години се занимава со производство на раноградинарски култури, односно со одгледување на зелка и корнишони.

Заедно продискутиравме за неговите планови за инвестиција, начинот на работа и неговата желба за приклучна механизација.

Имено, причината поради која Тамер побара финансиска помош од Штедилница ФУЛМ е  потребата за инвестиција во современа опрема со можност за купување на нова фреза и прскалка, и набавка на дополнителни материјали, односно купување на фолија како еден од главните репроматеријали за производство.

Неговата приказна беше доволен мотив, Штедилница ФУЛМ повторно да помогне, овој пат, со новиот кредит ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ, со намалена камата и поповолни услови, благодарение на поддршката од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, наменет токму за ваквите микро бизниси.