Мој бизнис – Моја слобода!

marija Настани и Промоции

Преземете иницијатива за сопствениот живот и дозволете да Ви помогнеме со ПРОМОЦИЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС!

Штедилница ФУЛМ во кампањата за поддршка на бизнисите на жените:

МОЈ БИЗНИС – МОЈА СЛОБОДА!

Повелете! Отворено е…

Кампањата Мој бизнис – Моја слобода има за цел да ги поттикне и охрабри жените во Македонија за да преземат иницијатива за подобрување на сопствениот живот и напредок, напредокот на членовите на своите семејства и пошироко – за целата заедница!

 

Со оваа кампања ги поттикнуваме

  • Жените кои имаат или сакаат да отворат сопствен бизнис и кои се заинтересирани за бесплатна ПРОМОЦИЈА на својот бизнис. За да ја добиете оваа можност потребно е:

    – да го пополните онлајн прашалникот на овој линк;
    – да обезбедите еден ваш производ или услуга-гратис кој ќе биде наменет за некој од корисниците на нашите финансиски услуги.Дополнително треба да ни ја доставите Изјавата за согласност за објава на вашите текст и фотографии, која можете да ја отворите на овој линк;
  • Жените коишто се заинтересирани за започнување на сопствен бизнис или имаат потреба од дополнителни финансии за постоечкиот бизнис, да аплицираат за кредит.
    За сите жени кои ќе подигнат кредит за своите бизниси, во промотивниот период од 16.2. до 16.4. 2018 година, следува подарок!

Во соработка со Форумот на жени лидери на ФУЛМ Македонија, жените кои ќе станат членови на ЗГ ФУЛМ, со оваа кампања, ќе добијат и покана за учество на III-от Форум на жени, што ќе се одржи на 24 март 2018 година, во Кавадарци (во поканата се содржани и сите трошоци за присуство на форумот).

                                                                                            

Поврзувањето на жените, инспирацијата која жените лидери ја даваат во своите средини и со тоа ги поттикнуваат  и охрабруваат жените од нашата земја и ширум светот  е суштината на постоењето на Форумот на жени лидери на ФУЛМ Македонија, основан во 2016 година, како дел од Глобалната мрежа на жени лидери GWLN и Светскиот совет на кредитни унии WOCCU

Со почит, Штедилница ФУЛМ