Единствена можност да добиете студентска стипендија за Вашите иновативни идеи!
Тема на натпреварот: Предлог-решение за решавање на општествен проблем – загадувањето на воздухот во Скопје.
Времетраење на натпреварот: Од 25.9 до 11.11.2023 година. Стипендијата ќе се додели на 17.11.2023 година
Содржина на предлогот за решение:
Вид на решение: Изберете еден или повеќе типови на решенија - Промоција на јавен транспорт кај младите, дополнителен јавен транспорт, промоција на електрични и хибридни возила, зелена инфраструктура (како дрва, вертикални градини, урбани паркови), чиста енергија (промоција на соларни панели, регулација на греење), едукација на јавноста.
Успешни примери: Искористете ја моќта на AI и споделете примери од светот каде што избраниот проблем е успешно решен и како.
Примена во Скопје: Опишете детално како предложеното решение би можело да се примени во Скопје.
Потенцијални бариери: Наведете кои финансиски, културолошки или други бариери би можеле да спречат примена на вашето решение.
Текстуално поле: Ова се дел од достапните AI алатки кои може бесплатно да ги користите во истражувањата на прашањата и формирање на решение за намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје, наведете кој сте ја користеле
Достапни AI алатки:
- ChatGPT
- Microsoft Bing AI
- Perplexity AI
- Google Bard AI
Пополнете го формуларот и учествувајте за една од следните награди:
- Прво место – студентска стипендија
- Второ место – членски депозит од 600 (денари) и сертификат
- Трето место– членски депозит од 600 (денари) и сертификат
Напомена:
- Студентската стипендија се доделува од фондот ДЕФ/DEF (Drew Egan Fund) основан од: Здружението на граѓани ФУЛМ, Штедилница ФУЛМ доо Скопје и Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA).
- Органите на управување и вработените во Штедилница ФУЛМ, како и членовите на Комисија, вкучително и нивните роднини од прво колено не можат да учествуваат во натпреварот.
- Сите поднесени информации и предлози ќе бидат сметани за сопственост на FULM и можат да се користат за интерни потреби или маркетинг промоции