НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ

marija Настани и Промоции

Во рамките на НЕДЕЛАТА НА ПАРИТЕ (Global Money Week), ФУЛМ Штедилница имаше чест да биде првата дестинација на ЕДУКАТИВНИОТ КАРАВАН, во соработка со Сојузот на микрофинансиски институции- Alliance of Microfinance organizations, Народна банка на РМ, Министерството за финансии и други финансиски институции. Ни беше огромно задоволство да бидеме домаќини на група ученици од ОУ Лазо Трпковски“ од Скопје и практично да ги запознаеме со финансиската сфера на животот. Целта на оваа недела на парите е кај децата и младите и да се поттикне финансиската писменост, да се запознаат со светот на парите, придобивките на штедењето, начинот како се создаваат условите за егзистенција и можностите за претприемништво. Оваа година, од 27 Март до 02 Април, овој настан ќе го одбележат близу 140 земји во светот.