Тони Зенговски, Скопје
Нов Ден, Нова Надеж
Јас и сопругата чекавме дете и ни требаше помош да реновираме дома бидејќи куќата беше релативно стара и не беше спремна за чување бебе. Баравме помош од неколку пријатели, роднини па дури и банки, но никој не ни помогна. Иако имавме дополнителни приходи, банките не одбиваа, бидејќи официјално бевме и двајцата невработени. Надежта и среќата пополека ни згаснуваа додека еден ден , една пријателка не не насочи кон Штедилницата ФУЛМ. Со последната капка надеж се решивме да ги посетиме и за наша среќа тие во неколку дена ни го одобрија кредитот и успеавме да си го реновираме нашиот дом и да си го дочекаме бебчето во нормални услови. Благодарност до ФУЛМ
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање