“Во време кога се соочуваме со Ковид-19 кризата, хобијата ме исполнуваат и ме оддалечуваат од секојдневните случувања кои не се секогаш пријатни. Слободните часови од денот обожавам да ги поминувам пред убава книга, да возам велосипед или аматерски си поигрувам со фотоапаратот.
Исто така уживам во прошетки во природа и дружење со најблиските кои секогаш ме полнат со позитивна енергија ” – вели Маја нашата колешка од филијалата во Тиквешија