ОГЛАС за вработување на Координатор за платежни услуги

marija Uncategorized @mk

Врз основа на Законот за работни односи, Штедилница ФУЛМ  распишува:

ОГЛАС

За вработување на 1 (еден) работник на работно место Координатор за платежни услуги во Штедилница ФУЛМ. Датум на започнување ќе биде во зависност од работното место кое го извршува во моментот.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

- VII/1 или 240 кредити според ЕКТС,

- познавање на македонски и англиски јазик,

- возачка дозвола Б категорија,

- работно искуство во банка во платен промет најмалку 3 години

Кандидатот треба да ги поседува следните вештини и способности:

- планирање, анализа и организација

- изготвување на извештаи,

- комуникација и презентација

- тимска работа во мултикултурно опкружување,

- приспособување на нови и различни задачи,

- извршување повеќе задачи истовремено и испорака во кратки рокови,

- подготвеност за работа надвор од канцеларија и во рурални средини,

- уредност и организираност.

 

Посебни работни задачи

  • Воспоставување на платежни услуги согласно Закон за платежни услуги и платни системи (Сл.весник РС Македонија број 90 од 12.4.2022 година)
  • Редовна комуникација со регулаторни органи и инспекциски надзор во доменот на платежни услуги
  • Изработка на извештаи за засегнати страни
  • други активности поврзани со остварување на работните задачи

 

Работното време изнесува 40 часа во работна недела.

Дневното работно време е од 8.00-16.00 часот, со можност за работа од дома.

Платата е збир од основната нето плата и дополнителна нето плата по основ на деловна успешност за наведеното работно место. Износот на платата се определува врз основа на плататите на пазарот за финансиски услуги, а зависи од услови, вештини и способности на секој кандидат поединечно.

Кандидатите треба да  достават пријава на оглас за работа на следната адреса на е-пошта:   vrabotuvanje@fulm.com.mk

  За дополнителни информации, слободно контактирајте со нас.

Рокот за поднесување документи почнува да тече со денот на објавување на огласот и трае до 15 Септември 2022

Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавените кандидати.