Пекара ,,Кај Гоце"

marija Вашите Тикет за бериќет искуства

Image

ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ- СТОРИЈА ОД ТИКВЕШИЈАТА

Вкусната пастрмајлија, бурек и банички се дел од производите кој можете да ги пробате во пекарата ,,Кај Гоце во Скопје, која веќе 15 години успешно работи како семеен бизнис.

Билјана и нејзиниот сопруг се ко-сопственици на овој микро бизнис. Тие се долгогодишни членови на филијалата на ФУЛМ- Тиквешија и во сите изминати години ја имаа Штедилница ФУЛМ како потпора, градејќи го својот бизнис.

Пред неколку месеци, поттикнати од зголемената побарувачка на нивните бели пецива, нивниот деловен простор стана мал, па одлучија да го прошират, реновираат и зголемат асортиманот на производство и воедно купат нова  современа машина за месење.

И се разбира, се обратија повторно во Штедилница ФУЛМ, финансиски да ги поддржи во оваа нивна идеја.

Ни беше задоволство да им излеземе во пресрет на нивната потреба и да го помогнеме нивниот бизнис со новиот кредит ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ, со намалена камата и поповолни услови, благодарение на поддршката од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, наменет токму за ваквите микро бизниси.  

Лојалноста и довербата се квалитети кои треба да се негуваат. Благодарноста и задоволството од ваквите долгорочни соработки се двострани- и за нашите членови и за ФУЛМ.