Податоци за штедилницата 31.12.2021г.

marija Извештаи и Податоци


 

податоци за своето работење

Назив и седиште Штедилница ФУЛМ Д.О.О Скопје

ул св.Кирил и Методиј 48,Скопје

Единствен матичен број 5282748
Организациска структура

[Поголема Слика]

[Поголема Слика]

[Поголема Слика]

Број на вработени 34
Штедилница ФУЛМ има дозвола
да ги врши следните активности
1) прибира денарски штедни влогови од физички лица во согласност со прописите;
2) одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице;
3) зема кредити од банка или штедилници;
4) економско-финансиски консалтинг;
5) одобрување кредити на правни лица преку банка;
6) директно кредитирање на банка или штедилници; и
7) директно кредитирање на правни лица но најмногу во висина до 30% од гарантниот капитал на Штединицата.
Активности кои Штедилница ФУЛМ
моментално ги врши се:
1) Прибира денарски штедни влогови од физички лица
2) Одобрува кредити на физички лица и на поединци кои вршат самостојна дејност без својство на правно лице
3) Економско-финансиски консалтинг;
Активности кои Штедилница ФУЛМ
има забрана да ги врши:
Штедилницата нема забрана од НБРСМ за вршење активности согласно дозволата од гувернерот на НБРСМ

Податоци за сопственичка структура на Штедилницата

Основач на Штедилницата Здружение на граѓани Финансиски услуги на луѓето на Македонија

податоци за висината на сопствените средства и за адекватноста на капиталот

Износ на почетниот капитал кој е
запишан во Централниот регистар;
Сегашна состојба на основен капитал: 75.607 илјади денари
Опис на карактеристиките на основните
компоненти на сопствените средства
Сопствените средства се збир од основачкиот капитал, резервниот фонд и задржаната добивка,ревалоризациски резерви
Износ и компоненти на основниот капитал
Основачки капитал 75.607 илјади денари
Резервен фонд-15.227 илјади денари
Задржана добивка – 6.216 илјади денари
Ревалоризациски резерви – 112 илјади денари
Одбитни ставки од редовен основен капитал – (2 555) илјади денари
Вкупен износ на сопствените средства и висина на адекватноста на капиталот Вкупен износ на сопствени средства – 94,607 илјади денари
ИЗВЕШТАЈ ЗА СОПСТВЕНИ СРЕТСТВА [Види Повеќе]
Висина на адекватноста на капиталот 30%
ИЗВЕШТАЈ ЗА АДЕКВАТНОСТ НА КАПИТАЛОТ [Види Повеќе]
Стапка на задолженост 0,30     

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТАПКА НА ЗАДОЛЖЕНОСТ [Види Повеќе]

Висина на капиталот потребен за покривање на кредитниот ризик
19.330 илјади денари

 

Висина на капиталот потребен за покривање на оперативниот ризик 5.960 илјади денари
Висина на капиталот потребен за покривање на надминувањето на лимитите на изложеност 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на валутниот ризик 256 илјади денари
Висина на капиталот потребен за покривање на пазарниот ризик 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на ризикот од промена на цените на стоките 0 (нема обврска да издвојува)
Висина на капиталот потребен за покривање на други ризици 0 (нема обврска да издвојува)

податоци за системите и процесот на управување со ризиците

Стратегија и процес на управување со секој поединечен ризик и Политика за заштита и намалување на ризикот
Политика за вршење исправка на вредноста и за издвојување посебна резерва ПОЛИТИКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИСПРАВКА НА ВРЕДНОСТА И ОШТЕТУВАЊЕ[Види Повеќе]
Структура и организација на функцијата на управување со ризици Организациската поставеност за управување со ризици се состои од елементите:
– јасна организациска структура;
– ефикасен процес на управување со ризиците;
– ефикасен систем на внатрешна контрола и ревизија.Согласно законската регулатива, организациската поставеност и структура за управување со ризици во штедилница ФУЛМ е прецизно дефинирана со надлежности и линии на одговорности, кои одговараат на големината, видот и сложеноста на финансиските активности кои ги врши.Единствениот содружник на Штедилницата:1) ја одобрува стратегијата за управување со ризиците и го следи нејзиното спроведување
2) воспоставување и следење на политиките за управување со ризиците и давање предлози за нивно ревидирање;
3) го воспоставува и следи ефикасноста на системот на внатрешна ревизија и контрола, како составен дел на системот за управување со ризик;
4) оценка на системите за управување со ризици;
5) анализа на извештаите за изложеноста на Штедилницата на ризици и следење на активностите кои се преземаат заради управување ризиците
6) други активности во согласност со Законот за банките, прописите донесени врз основа на тој Закон и интерните акти на Штедилницата.Управителот на Штедилницата ги врши следните активности:1) предложува на Единствениот содружник политики, правила и други интерни акти
2) воспоставување и спроведување на соодветни процедури за управување со ризиците, во согласност со Политиките одобрени од страна на Единствениот содружник;
3) воспоставување и одржување на ефикасноста на системот за мерење, следење, контрола и известување на ризиците
4) воспоставување адекватен систем за известување на Единствениот содружник
5) други активности во согласност со Законот за банките и интерните акти на Штедилницата.Службата за внатрешна ревизија на штедилницата врши ревизија на работењето на во врска со управување со ризиците, согласно на годишниот план за внатрешна ревизија.Координаторот за извештаи врши изготвување и координирање на изготвување на извештаи до Единствениот содружник, Управителот, регулаторните тела и други заинтересирани страни.

Раководителот на филијалата ги врши следните активности:

1) ги извршува одлуките на Управителот на штедилницата односно се грижи за нивно спроведување;
2) работење по донесените процедури и други интерни акти и контрола на нивно спроведување од страна на вработените во филијалите

Структура на системот за мерење на ризикот и системот за внатрешно известување Штедилница ФУЛМ воспоставува систем на идентификување, мерење или оцена, контрола или намалување и следење на одделни ризици, кои се базираат на:
1) интерни акти за идентификување, мерење или оцена, контрола или намалување и следење на одделни ризици;
2) правила за стрес тестирање;
3) внатрешен информативен систем – систем за известување.
Износ на изложеност
на кредитен ризик, пред и по извршената исправка на вредноста
(во илјади денари)
износот на изложеноста на кредитен ризик пред извршената исправка на вредност 263.360
износот на изложеноста на кредитен ризик по извршената исправка на вредност 239.039
Географска дистрибуција на изложеноста на кредитен ризик (во илјади денари) Република С.Македонија 263.360
Просечната изложеност
на кредитен ризик за периодот и изложеноста по одделни категории на ризик;
Изложеност по одделни категории на ризик 31,12,2021:
А-  123.166 илјади денари
Б-  118.685 илјади денари
В-    10.674 илјади денари
Г-      3.072 илјади денари
Д-      7.763 илјади денари
Износ на достасаните
кредити
  706 илјади денари
Износот на изложености
на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста
256.011 илјади денари
Секторска дистрибуција
на изложеноста на кредитен ризик
(во илјади денари)
Финансиски институции 0
Држава 0
Население 263.360
Резидуална договорна
рочна структура на изложеноста на кредитен ризик (во илјади денари)
до 1 година           79.227
над 1 година       184.133
Структура на изложеност
на кредитен ризик по дејности
(во илјади денари)
Финансиско посредување 0
Јавна употреба и одбрана, задолжителна социјална заштита 0
Физички лица-потрошувачки кредити 234.384
Физички лица-други кредити 28.976
Најголема изложеност население

а) износ на достасани кредити   706 илјади денари
б) Износот на изложености на кредитен ризик за кои е извршена исправка на вредноста 256 011 илјади денари
в) Износот на извршена исправка на вредноста 24 321 илјади денари

Износот на
преструктурираните побарувања
4.238 илјади денари
Движење на исправката
на вредност
исправка на вредност на почеток на периодот                             23.296 илјади денари
извршена дополнителна исправка на вредност                            20.915 илјади денари
ослободување на исправка на вредноста                                   (17.568) илјади денари
отпис на побарувања                                                                 (2.322) илјади денари
исправка на вредност на крајот на периодот                               24.321 илјади денари
Видови на трансакции со Основачот на Штедилницата
  2020 2021
Донација на ЗГ ФУЛМ 0 денари 0 денари

 

ДАТУМ НА ПРЕСЕК за податоци за своето работење и податоци за висината на
сопствените средства и за адекватноста на капиталот е 31/12/2021

ДАТУМ НА ПРЕСЕК за податоци за системите и процесот на
управување со ризиците е 31/12/2021

ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ 30.03.2022