Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје
Бр.03-565/2
Скопје 09.09.2020 г.
Врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови за кредитните изложености кај банките и штедилниците (Службен весник бр. 80/2020 и 125/2020), Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (Службен весник бр. 76 /2020, 116/2020), а согласно Одлуката за услови под кои се врши кредитирање број 02-3/31 од 27.3.2020 во продолжение е :
ПОНУДА
за поповолни договорни услови при плаќањето на кредити во Штедилница ФУЛМ согласно препораките и мерките дадени/преземени од Владата на Република Северна Македонија за справување со епидемијата на КОВИД-19
(индивидуална)
- Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје Ви ја доставува оваа Понуда за поповолни услови при плаќање на кредитните обврски во Штедилницата, и истата може да ја прифатите доколку се соочувате со финансиски потешкотии предизвикани од пандемија КОВИД-19.
- Ви нудиме можност, во следните 3 месеци (Октомври, Ноември и Декември 2020), да плаќате надомест и фиксна и/или променлива камата на кредитот, а главницата на кредитот, во овој 3-месечен период нема да доспева за плаќање. По истекот на овој тримесечен период, доколку навремено и целосно ги плаќаат своите обврски во период од 1.10-31.12.2020 и продолжи финансиската потешкотија, Штедилницата ќе Ви овозможи да го продолжите овој грејс период за дополнителни 3 (три) месеци, најдоцна до 31.03.2021 година На овој начин, поради одложената отплата на главницата на кредитот, автоматски ќе дојде до пролонгирање на договорниот рок на кредитот.
- Оваа понуда е со важност од 10 дена од датумот на понудата и доколку ја прифаќате изјаснете се електронски преку веб страницата, пратете електронска пошта до референтите во филијалите каде што го имате кредитот (https://www.fulm.com.mk/kontakt/) или директно на шалтерите на Штедилница ФУЛМ .
- Доколку ја прифатите оваа Понуда, ве молиме да ја пополните Изјавта за финасиски потешкотии во измирување на обврските по основ на одобрен кредит во Штедилница ФУЛМ предизвикани од епидемија на КОВИД -19.
Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје
Датум на понуда
09.09.2020 г.