Правила за приватност

ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ
на Штедилница ФУЛМ ДОО Скопје
ОПШТИ ОДРЕДБИ

(1) Овие правила за приватност го објаснуваат начинот на кој Штедилница ФУЛМ собира, обработува и споделува податоци собрани од корисниците при посета и/или користење на интернет услугите на Штедилницата www.fulm.com.mk, мобилна апликација и сите други онлајн услуги кои ги нуди Штедилницата. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци.

(2) Овие Правила се поделени на неколку поглавја:
1. Какви информации се собираат
2. На кој начин се собираат информациите
3. Како се користат информациите
4. Како ние ги чуваме Вашите информации
5. Маркетинг
6. Пристап до Вашите податоци и Вашите права
7. Што се „колачиња“? Како се користат и како може Вие да управувате со нив?
8. Трети страни
9. Промени во овие Правила за приватност
10. Контакт

1. Какви информации се собираат
– Лични податоци, информации со кои Вие се идентификувате при користење на производите и услугите на Штедилницата, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.
– Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот, како што на пример е Вашата IP адреса, домен, типот на уредот, како и технички информации за конекцијата што ја користите како што се оперативен систем, испорачувач на интернет услугата или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.
– Информации за физичката локација на Вашиот уред. На пример, кога користите услуга блиску до мене и сте дале согласност за споделување на Вашата локација.

2. На кој начин се собираат информациите
Штедилница ФУЛМ собира информации од своите клиенти кога ја посетуваат веб – страницата, нејзината мобилна апликација или какви било други онлајн услуги што ги нуди Штедилницата. Клиентот споделува лични податоци со Штедилницата кога станува клиент, се регистрира или користи услуги на електронско банкарство на Штедилницата.
Штедилницата може да собира лични и нелични податоци од корисниците на различни начини во врска со активностите, услугите, можностите или ресурсите кои се достапни на веб-страницата, мобилната апликација или која било друга онлајн услуга. Штедилницата собира лични податоци од корисниците само ако доброволно ги доставуваат тие информации до Штедилницата.

3. Како се користат информациите
Штедилница ФУЛМ во законски дозволена мера ќе ги користи информациите за на клиентите да им пружи подобри услуги и производи, да обезбеди грижа за клиентите, како и помош при рекламација или проблем при користењето на производите и услугите.
Штедилницата има право да ги проверува подесувањата на мобилниот уред кои корисникот ги прифатил во моментот на преземањето на апликацијата, при најавувањето или при користењето на апликацијата за мобилно плаќање.

4. Како ние ги чуваме Вашите информации
Штедилницата ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и за спречување на неовластен пристап и нивна злоупотреба. Личните податоци се собираат на законски и етички начин, за конкретни, експлицитни и правни цели и се чуваат безбедно и само за временски период предвиден за исполнување на целите на собирање и обработка.

5. Маркетинг
При склучување на деловен однос со Штедилницата за користење на производите и услугите имате можност да изберете дали сте согласни Вашите лични податоци да се користат за цели на директен маркетинг. На пример, овие комуникации можат да содржат податоци за најновите производи и услуги на Штедилницата.
Добивањето рекламен материјал може да го откажете во секое време, со поднесување на писмено барање до Штедилницата.

6. Пристап до Вашите податоци и Вашите права
Доколку сакате да направите измени, дополнувања, бришење или ажурирање на Вашите лични податоци може да се обратите во филијалите на Штедилницата. Доколку сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Штедилницата, за која цел или сакате да побарате запирање или стопирање на обработката, ве молиме обратете се во филијалите на Штедилницата. Доколку сметате дека при обработката на Вашите лични податоци не сме постапиле во согласност со Вашите законски права, може да се обратите преку филијалите на Штедилницата.

7. Што се „колачиња“? Како се користат и како може Вие да управувате со нив?
„Колачиња“ („Cookies“) се текстуални датотеки поставени на Вашиот компјутер коишто се користат за собирање на стандардни информации и информации за однесувањето на посетителите на интернет. На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови). Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на веб-страницата, мобилната апликација и другите форми на онлајн услуги што ги нуди Штедилницата. Може да го поставите Вашиот пребарувач да не прифаќа „колачиња“, меѓутоа како резултат на тоа можно е некои функционалности да не функционираат.

8. Трети страни
Корисниците може да најдат рекламирање или друга содржина на веб-страницата, мобилната апликација и другите форми на онлајн услуги, на трети страни. Штедилницата не ја контролира содржината или линковите што се појавуваат на овие страни и не е одговорна за практиките на овие страни. Овие страни и услуги се подлежни на промени и може да имаат свои политики и правила за приватност и услуги на клиентите. Интеракцијата со овие трети страни е предмет на сопствени веб – страници.

9. Промени во овие Правила за приватност
Штедилницата има дискреционо право да ги ажурира овие Правила за приватност во кое било време. Менувањето на Правилата се прави како резултат од промените во важечкото законодавство или според најдобрите меѓународни практики, доколку е потребно. При промена, сите засегнати страни ќе бидат редовно известени за нивната содржина.

10. Контакт
Доколку имате какви било коментари, прашања или загриженост во врска со Правилата за приватност при користењето на веб – страницата, мобилната апликација или какви било други онлајн услуги што ги нуди Штедилницата, ве молиме контактирајте нè на: apps@fulm.com.mk