Профил

Штедилница ФУЛМ е основана  во 1999 година, согласно принципите на светските кредитни унии и како дел од македонскиот финансиски систем. Активностите на Штедилница ФУЛМ се реализирани со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД – USAID и со техничка помош од Светскиот совет на кредитни унии – WOCCU преку Здружението на граѓани ФУЛМ.

Во фокусот на активностите на Штедилница ФУЛМ се обичните луѓе и задоволување на нивните финансиски потреби, со што директно се придонесува за доброто на локалните заедници. Штедилница ФУЛМ  ги прима заштедите  на членовите на ЗГ ФУЛМ и ги пласира  во кредити на оние членови на ЗГ ФУЛМ на кои тие средства им се потребни. Штедилница ФУЛМ  е финансиска институција, која го опслужува делот од населението кое на друг начин не може да добие финансиски услуги.  Оттаму слоганот „Луѓе помагаат на луѓе“ е заштитен знак за суштината на постоењето на кредитните унии ширум светот и на ФУЛМ.

Штедилница ФУЛМ по својата суштина е штедно-кредитна унија и како таква е единствена во Република Северна Македонија.  Штедилница ФУЛМ е член на Светскиот Совет на кредитни унии (World Council of credit unions WOCCU) а со тоа и дел од светското семејство на кредитни унии кое се протега на 6 континенти, во 118 земји во светот и брои 394 милиони членови (според статистичкиот извештај на WOCCU за 2022 година). Кредитните унии се непрофитни финансиски кооперативи, управувани од членовите, чија цел е да обезбедат подобри услуги за своите членови, од другите финансиски организации. Поставувањето на услугата кон членовите во центар на вниманието, заедно со побрзиот, поедноставниот и поквалитетниот пристап до финансиските услуги, резултираше со препознатливост на ФУЛМ како стабилна, отворена и демократска институција, каде луѓето ќе најдат одговор за своите потреби од една страна, а од друга страна Штедилница ФУЛМ се здоби со углед  и значајна позиција на македонскиот финансиски пазар.

Реализирајќи ја својата деловна стратегија, Штедилница ФУЛМ е активен член и поддржувач на меѓународните соработки и проекти, воспоставувајќи плодна соработка и низа стратешки и партнерски релации со: WOCCU, USAID, Лигата на кредитни унии од Мичиген – MCUL, Полската кредитна унија – SKOK, и основач на Европската мрежа на кредитни унии во Брисел. ФУЛМ меѓународно  е  пример за иновативна и прогресивна штедно-кредитна унија.

Штедилница ФУЛМ има континуирана соработка со  многу државни и приватни организации и институции. ФУЛМ е активен учесник и организатор на бројни настани, форуми, конференции во сферата на финансиите. Од 2015 до 2019 година, Штедилница ФУЛМ беше имплементатор на Проект на УСАИД преку Сојузот на микрофинансиски организации. (МФО).

ФУЛМ има прелиминарна соработка со Европската мрежа за микрофинансии и Центарот за микрофинансирање. Штедилницата ФУЛМ е наградена со „СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при одобрување на микрокредити“ издаден од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“. 

Локациина нашите филијали

Менаџмент

Image

Елеонора Згоњанин Петровиќ
Управител на Штедилница ФУЛМ

Почитувани,

Од своето основање до денес, Штедилница ФУЛМ ја пренесува пораката “Различни од другите” обезбедувајќи побрз, поедноставен и поквалитетен пристап  до финансиските услуги на граѓаните во Република Северна Македонија. Согласно нивните барањата и очекувањата,од 2016 година, Штедилницата започна да ја имплементира ИТ стратегијата, за подобрување на пристап до финансиските услуги преку алтернативни канали и вклучување на социјалните медиуми. И покрај многубројните предизвици со кои се соочуваме, сепак сме исклучително горди дека клучот на нашиот успех е довербата на членови на ЗГ ФУЛМ, која од ден на ден се повеќе расте. Вработените, органите на управување  на Штедилница ФУЛМ и Здружението на граѓани ФУЛМ, Светскиот Совет на Кредитни Унии (WOCCU) Лигата на Кредитни унии на Мичиген (MCUL) Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и Европската мрежа на кредитни унии  (ЕNCU) несебично  го поддржуваат работењето на Штедилница ФУЛМ, како резултат на што, Штедилница ФУЛМ го зацврстува своето место на македонскиот финансиски пазар во изминатите 25 година.

Image

Martha Ninichuk
Кредитна унија, САД

Почитувани пријатели,

Светскиот Совет на Кредитни Унии, Инк. (WOCCU) е интернационална трговска организација чија главна цел е развивање на штедни и кредитни унии низ целиот свет. Светскиот Совет на Кредитни Унии обезбеди помош на земјите кои развиваа или подобруваа системи на штедни и кредитни унии преку образовна, техничка и легислативна поддршка. Сите во WOCCU сме исклучително почестени и горди на ФУЛМ – еден од нашите вистински успеси во развивањето на штедни и кредитни унии. Штедилницата ФУЛМ меѓународно се користи како пример за иновативна и прогресивна штедно кредитна унија. Персоналот на WOCCU и даде голема и значајна поддршка на ФУЛМ во повеќе области од нејзиното работење како што се маркетинг, внатрешна ревизија, обука, изготвување на правилници, информациона технологија и отворање на нови филијали, а кое во целост се одрази позитивно на финансиското работење на Штедилница ФУЛМ.Искрено веруваме дека Штедилница ФУЛМ и во иднина ќе продолжи со континуиран развој  на финансиските услуги во корист на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Image

Стево Андровиќ
Претседател на Управен Одбор на ЗГ ФУЛМ

Почитувани дами и господа,

Здружението на граѓани застапува и развива принципи на задругарството преку колективна активност на своите членови, и со единствена цел за соработка и развој на идејата за штедно-кредитното задругарство во Република Северна Македонија. Следејќи ги и анализирајќи ги искуствата на кредитните унии низ светот, воспоставувајќи плодна соработка со WOCCU,  USAID, MCUL, ENCU, како и многу други странски и домашни организации и институции, како и постојаното вложување во кадровските и технолошките потенцијали во текот на изминатите години, на наше огромно задоволство успеавме да ги реализираме предвидените развојни програми на Штедилница ФУЛМ. Здружението го формира Форумот за млади, со цел поголемиот број на млади членови да пристапат со желба за трајна соработка и Форумот на жени, за да се поттикне претприемништвото и лидерство во Македонија. Здружението е дел од  Сојузот за микрофинансиски организации во Македонија

Image

Зулфи Џафери
Претседатседавач на ЕС на Штедилница ФУЛМ

Почитувани,
Штедилница ФУЛМ и оваа година продолжи успешно да ја реализира стратегијата во насока задоволување на потребите за штедење и кредитирање на сите граѓани на Република Северна Македонија. Основната определба на Единствениот содружник на Штедилница ФУЛМ беше и остана идентична како и претходните години и тоа: високо ниво на ликвидност, задоволително ниво на профитабилност како и високо ниво на управување со кредитен ризик. Единствениот содружник на Штедилницата ја усвои Стратегијата за користење на информативните технологии и и социјални медуми стратег со цел постојано ја зголемува понудата на кредитни и депозитни продукти, а воедно ги интензивира и веќе постоечките линии овозможувајќи им на членовите поквалитетен пристап до финансиски услуги. Потврда за успешното работење на Штедилница ФУЛМ е фактот што во изминатите години повеќе од 28.000 граѓани ја изразија довербата користејќи ги нашите услуги.

Мрежа

Штедилница ФУЛМ  во својата организациона структура опфаќа:
  • Централа, со седиште во Центарот на Скопје, и
  • Мрежа од шест филијали:
  • филијала Муртино во Струмица,
  • филијала Полог во Тетово,
  • филијала ЈСП во населба Аеродром и шалтер во населба Автокоманда во Скопје,
  • филијала Тиквешија во Кавадарци,
  • филијала Битола во Битола и
  • шалтер Центар во Скопје

Визија

Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење

Мисија

Штедилницата Фулм е основана како кооперативна финансиска институција поседувана и управувана од членовите, покривајки ги сите трошоци како и нудејки им на своите членови високо квалитетни услуги кои се поефективни од услугите понудени од другите финансиски институции.

Општествена одговорност

Согласно развојната политика Штедилница ФУЛМ предвиде воведување на концепт на заедничка одговорност и јавен сервис.

Штедилница ФУЛМ стои зад вистинските вредности постојано интегрирајќи се во општествениот и културниот живот.

“Луѓето им помагаат на луѓето” е суштината на постоењето на кредитните унии. Овој вонвременски концепт одекнува, особено кај општествено одговорни организации кои ги ставаат луѓето, пред профитот, како што се кредитните унии, каква што е ФУЛМ Штедилница.

🫶Подготвени 120 бесплатни оброци за социјално загрозени и бездомни лица! Нашиот колега👏 Jovica Vukobrat како претставник од #ШтедилницаФУЛМ, ги покажа своите кулинарски вештини, заедно со дел од синдикалните организации на #СФОМ, кои помогнаа во подготовка на 120 бесплатни оброци за социјално загрозени и бездомни лица во соработка со #retvitniobrok и ги поделија во саботата кај споменикот на Мајка Тереза.
.
.
.
#pottiknuvame #humanost #socialresponsibility #Humanity #retvitniobrok #FULM

Денес ФУЛМ имаше една несекојдневна хумана мисија! Нашата колешка Bojana Bashovska, со неверојатна грижливост и љубов, заедно со колегите од Синдикатот на финансиски организации на Македонија (СФОМ), помогнаа со храна, играчки, материјали за изработка на куќички и секако општествено корисна работа во @HappyShelter (https://lnkd.in/e-PfHnDA)

Секој може да донира и да се вклучи, доколку сака да помогне на организацијата Happy shelter, која безрезервно им помага и ги згрижува бездомните кучиња, кои се со најтешки повреди..
https://lnkd.in/e-PfHnDA

Да бидеме сите хумани да помогнеме секогаш кога можеме!

#HappyShelterSkopje #SFOM #ФУЛМ #HappyDog #BeMyHero

https://lnkd.in/eMqp7pBE

ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House го честита 17 мај – Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата. По повод јубилејниот 30-ти роденден на First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia, помогнавме со донација и сме особено горди што секогаш ги поддржувааме правата на децата!

Подарувањето ги прави подеднакво среќни и оние кои ги добиваат подароците и оние кои подаруваат!
Токму таква споделена среќа ни се случи вчера во Кавадарци, на Денот на кредитните унии, кога ФУЛМ подари 5 компјутери на Борче Стаменов кој веќе ѝ е добро познат на јавноста по иницијативата наречена „ Донирај Компјутер – Борче Стаменов“, со која тој веќе пет години собира расипани лаптопи и компјутери, од нив креира нови и ги подарува на социјално загрозените семејства.

На 17.10.2019 на “Меѓународниот ден на кредитни унии” покажавме дека ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ! Прекрасна атмосфера во филијалите на ФУЛМ на дружење и хуманост преку донации од вработените и членовите, по повод “Меѓународниот ден на гладта”. Посакуваме уште многу вакви денови во иднина!

Герасим Трајков

Како жител на Тиквешкиот регион,  како и многумина жители во мојот крај и јас поседувам земјоделски насади со грозје и праски.

Желбата да произведам квалитетен плод од кој би бил задоволен јас како производител ме донесе до просториите на Штедилница Фулм.

Аплицирај за кредит за земјоделци

Во тој период ми беа потребни финансиски средства за набавка на приклучна земјоделска механизација со која би си го олеснил процесот на производство.

За многу краток временски период јас ја добив посакуваната финансиска помош од Фулм. Бев премногу задоволен.

Јас имам да раскажувам многу за професионалноста на оваа институција, но најдобро е секој кој што има потреба сам да си се увери.  За крај уште би кажал дека нивната визија за мене е реалност.

Со финансиските услуги на ФУЛМ до поквалитетно живеење.

Аплицирај на: www.fulm.com.mk/online

или во филијалите: www.fulm.com.mk/kontakt

Почитувани,

Од своето основање до денес, Штедилница ФУЛМ ја пренесува пораката “Различни од другите” обезбедувајќи побрз, поедноставен и поквалитетен пристап до финансиските услуги на граѓаните во Република Македонија. Согласно нивните барањата и очекувањата ,од 2016 година, Штедилницата започна да ја имплементира ИТ стратегијата, за подобрување на пристап до финансиските услуги преку алтернативни канали и вклучување на социјалните медиуми. И покрај многубројните предизвици со кои се соочуваме, сепак сме исклучително горди дека клучот на нашиот успех е довербата на членови на ЗГ ФУЛМ, која од ден на ден се повеќе расте. Вработените, органите на управување на Штедилница ФУЛМ и Здружението на граѓани ФУЛМ, Светскиот Совет на Кредитни Унии (WOCCU) Лигата на Кредитни унии на Мичиген (MCUL) Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и Европската мрежа на кредитни унии (ЕNCU) несебично го поддржуваат работењето на Штедилница ФУЛМ, како резултат на што, Штедилница ФУЛМ го зацврстува своето место на македонскиот финансиски пазар во изминатите 18 години.

Штедилница ФУЛМ континуирано реализира дел од концептот преку активно вклучување на сите вработени во средување и разубавување на просторот околу деловните простории на Штедилницата. Активностите опфаќаат чистење на просторот, сеење трева, садење дрвца, бојадусување на бетонските жардиниери итн…

На 17.10.2019 на “Меѓународниот ден на кредитни унии” покажавме дека ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ! Прекрасна атмосфера во филијалите на ФУЛМ на дружење и хуманост преку донации од вработените и членовите, по повод “Меѓународниот ден на гладта”. Посакуваме уште многу вакви денови во иднина!

Штедилница ФУЛМ во Октомври 2018 година донираше средства за зголемувањето на образовните, медицинските и терапвтските капацитети на СОС детското село Македонија во кое се образуваат и воспитуваат 145 деца и млади. Со оваа донација помагаме во процесот на зголемување на можностите на децата од детското село СОС Македонија да имаат рамноправен почеток во животот и да ги остварат своите соништа. Веруваме дека најзначајната општествена одговорност е во поддршка на образованието на младите, кои ќе израснат во успешни луѓе кои ќе придонесуваат во заедницата.

Општествената одговорност е трајна определба на Штедилница ФУЛМ. По повод денот на благодарноста 24 ноември 2016 гoдина и Меѓународниот ден на гладот, на 11 ноември 2016 година, Штедилница ФУЛМ донираше пакети со храна на Црвениот крст- Македонија, како дел од кампањата Мислете на нас (Think of us), во организација на Американската стопанска комора во Македонија (AmCham Macedonia). Донацијата е наменета за социјално најранливите категории во Република Македонија и за ублажување на сиромаштијата.

По повод Денот на благодарноста, 25 ноември, 2015 година, Штедилница ФУЛМ, со донација на Црвениот крст, како дел од кампањата Мислете на нас, или Think of us, а во организација на AmCham Macedonia, повторно ја искажа својата општествена одговорност кон социјално најранливите категории во Република Македонија за подигање на свеста и помошта за ублажување на сиромаштијата меѓу локалните семејства.

Штедилница ФУЛМ, филијала ЈСП од Скопје на 03.07.2008 година, согласно проектот за корпоративно социјална одговорност, донираше техничка опрема. Целта на оваа донација е подобрување на условите на болничкото лекување на децата (пациенти) во Клиниката за ортопедски болести во населба Аеродром во Скопје (Мајчин дом).

Штедилница ФУЛМ во мај 2008 година додели парична помош за доизградба на манастирот “Св. Преображение” во Крушево. Манастирот со свои средства почна да го гради Тоше Проески заедно со семејството.

Штедилница ФУЛМ, Филијала Муртино од Струмица во периодот од 08-12 Март 2008 година ги поддржа активностите на струмичкиот карневал поврзани со Тримерските празнувања како културна традиција по која Струмица во последните години претставува препознатлив град не само во Република Македонија туку и пошироко.

Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња во Кавадарци

На 27 декември 2007 година Штедилница ФУЛМ, Филијала Тиквешија од Кавадарци донираше новогодишни пакетчиња за децата од паралелката со посебни потреби при основното училиште Страшо Пинџур во Кавадарци.

Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња во П.О.У. Д-р Златан Сремац во Скопје

На 26 декември 2007 година Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби при основното училиште Д-р Златан Сремац од Скопје.

Штедилница ФУЛМ го поддржа квиз натпреварот од областа на сообраќајот во Кавадарци

Штедилница ФУЛМ, Филијала Тиквешија од Кавадарци го поддржа квиз натпреварот од областа на сообраќајот кој се одржа на 30 ноември 2007 година во основното училиште Тошо Велков Пепето во Кавадарци. За најдобрите учесници Штедилница ФУЛМ донираше три мобилни телефони.

Штедилница ФУЛМ активно вклучена во хуманитарната акција на Здружението “ИДНИНА”

Во ноември 2007 година започна хуманитарната акција на Здружението на децата без родители од детските домови на Република Македонија – ИДНИНА, Скопје. Целта на оваа акција е собирање средства за обезбедување на електрични апарати за домаќинството како и овозможување на децата без родители со навршени 18 години да се здобијат со возачка дозвола од Б категорија. Поаѓајќи од хуманоста како најсветла доблест, Штедилница ФУЛМ активно се вклучи во оваа хуманитарна акција со цел да придонесе за подобар и барем малку поудобен живот на овие млади луѓе.

Штедилница ФУЛМ и искра надеж за порадосно и подобро утро на семејството Ангелески од Прилеп

Штедилница ФУЛМ во ноември 2007 година овозможи хуманитарна помош на семејството Ангелески од Прилеп. Овој хуман гест за миг им ја врати надежта за порадосно и подобро утро на родителите Тони и Нелита и нивните 4 малолетни деца.

Штедилница ФУЛМ со поддршка на еден од најдобрите спортисти – пливачи, Моника Трајковска

Штедилница ФУЛМ во 2007 година ја поддржа пливачката Моника Трајковска која е државен првак во повеќе дисциплини во својата категорија, а работи и се подготвува под раководство на олимпиецот Александар Миладиновски. Моника Трајковска како член на АПК Студент од Скопје спаѓа во редот на најдобрите спортисти – пливачи во нашата држава и е потенцијален кандидат за следните Олимписки Игри, Пекинг 2008 и Лондон 2012.

Штедилница ФУЛМ во подобрување на живеењето на граѓаните на Општина Кавадарци

Во мај 2007 година Штедилница ФУЛМ, Филијала Тиквешија од Кавадарци во соработка со Градоначалникот на Општина Кавадарци, донираше теписон во општината како реална поддршка во подобрување на живеењето на граѓаните на Општина Кавадарци.

Штедилница ФУЛМ помогна во одбележување на матурска прослава на воспитаник од Детскиот дом “11-ти октомври”, Скопје

Во мај 2007 година на покана од Сојузот на Организации на Жените на Македонија (СОЖМ) како долгогодишен партнер на Детскиот дом “11-ти октомври” Скопје, Штедилница ФУЛМ несебично се вклучи во подготовките на матурската прослава на матурантот и воспитаник Емран Рамаданов.

Штедилница ФУЛМ учествуваше во кампањата на “ХУМАНА”

На 6 март 2007 година, Штедилница ФУЛМ го поддржа хуманитарниот настан на неформалната лоби група “ХУМАНА” и Националниот Совет на Жените на Македонија (СОЖМ) кои во универзалната сала во Скопје организираa ревија на костуми од доајенот на македонската опера Г-ѓа Милка Ефтимова и уметничко забавна програма со најпознатите македонски музички имиња. Собраните средства се наменети за подобрување на условите за престој и работа во психијатриската болница Негорци.

Штедилница ФУЛМ се вклучи во аукцијата Sauvignon Blanc 2005 – за арно за убаво

На аукцијата Sauvignon Blanc 2005 што се оддржа во 2005 година, Штедилница ФУЛМ купи еден пакет вина Sauvignon Blanc 2005 од винарската визба Попова Кула. Средствата од аукцијата се наменети за Ј. У. Специјален Завод – Демир Капија и ќе се искористат за потребите на Заводот.

Штедилница ФУЛМ донираше новогодишни пакетчиња во Ј.У. Специјален Завод – Демир Капија

На 29.12.2004 година Штедилница ФУЛМ во соработка со Сојузот на Организации на Жените на Македонија (СОЖМ) учествуваше во заедничката акција на доделување новогодишни пакетчиња на децата штитеници од Специјалниот Завод – Демир Капија

Нашиот тим – Нашата успешна приказна

 
Image

Посветеноста и упорната работа на сите вработени и органи на управување, неминовно даде резултати во растот и угледот на Штедилница ФУЛМ во изминатите години. Нашата работа беше забележана и потврдена и од надворешни институции преку различни награди и признанија. Менаџментот на ФУЛМ постојано вложува во своите вработени преку обуки, работилници, учество во разни конференции и настани и тим билдинзи.

  • Здружение на банкарство при Стопанска комора- најдобри шалтерски работници
  • Награди и признанија
  • Обуки, настани, конференции, тим билдинзи…

Здружение на банкарство при Стопанска комора- најдобри шалтерски работници


Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР СЛУЖБЕНИК ЗА 2023 Г.

Ангелина Доневска, вработена во филијала Тиквешија – Кавадарци,е годинешниот добитник на признание за најдобар службеник од Штедилница ФУЛМ. По повод  Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им доделија  на најдобрите службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати на работните задачи во доменот на работење со населени во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи


Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР СЛУЖБЕНИК ЗА 2022 Г.

Дарко Димов, вработен во Централа, Скопје е годинешниот добитник на признание за најдобар службеник од Штедилница ФУЛМ. По повод  Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им доделија  на најдобрите службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати на работните задачи во доменот на работење со населени во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи


Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР СЛУЖБЕНИК ЗА 2021 Г.

Јулијана Петковска, вработена во Филијала ЈСП-Аеродром, Скопје е годинешниот добитник на признание за најдобар службеник од Штедилница ФУЛМ. По повод  Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им доделија  на најдобрите службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати на работните задачи во доменот на работење со населени во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи



Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР СЛУЖБЕНИК ЗА 2020 Г.

Маја Лиотиковска, вработена во Филијала Тиквешија, Кавадарци, е годинешниот добитник на признанието за најдобар службеник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи



Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР СЛУЖБЕНИК ЗА 2019 Г.

Габриела Павловска, вработена во Централа, Скопје, е годинешниот добитник на признанието за најдобар службеник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите службеници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи



Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2018 Г.

Катерина Јовановска, вработена во Филијала ЈСП, Скопје, е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи



Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2017 Г.

Елена Шерденковска Котовска, вработена во Филијала Битола, е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2016 Г.

Данијела Стојановска, вработена во Филијала ЈСП, Скопје е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 20
15 Г.

Љумтурие Мемиши, вработена во Филијала Полог, Тетово е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, на 30 октомври 2015 година, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2014 Г.

Филип Јордановски, вработен во Филијала ЈСП, Скопје е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 20
13 Г.

Сијка Габева, вработена во Филијала Тиквешија, Кавадарци е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 20
12 Г.

Сузана Ќандова, вработена во Филијала ЈСП, Скопје е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 20
11 Г.

Дивна Видоеска, вработена во Филијала Полог, Тетово е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 20
10 Г.

Фанија Беговски, вработена во Филијала Битола, Битола е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2009 Г.

Мирче Димовски, вработен во Филијала ЈСП, Скопје е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2008 Г.

Билјана Петрева, вработена во Филијала Тиквешија, Кавадарци е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2006 Г.

Јасминка Панајотовиќ, вработена во Филијала Централа, Скопје е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 200
5 Г.

Мирче Димовски, вработен во Филијала ЈСП, Скопје е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2004 Г.

Александра Талевска, вработена во Филијала Битола, Битола е годинешниот добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2003 Г.

Сијка Габева, вработена во Филијала Тиквешија, Кавадарци е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2002 Г.

Јасмина Галева, вработена во Филијала Муртино, Струмица е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот
ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Штедилница ФУЛМ
НАЈДОБАР ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ЗА 2001 Г.

Сашо Павловски, вработен во Филијала ЈСП, Скопје е добитник на признанието за најдобар шалтерски работник од Штедилница ФУЛМ. По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, им додели признанија на најдобрите шалтерски работници од банките и штедилниците за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работење со население во изминатата година.

Штедилница ФУЛМ им го честита Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, на сите штедачи

Награди и признанија

ФУЛМ Македонија – најдобра во светот!

Сингапур, Sun Tech City, 16 Јули 2019. Престижната награда за 2018 – World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 јули 2018 година на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур (http://www.wcuc.org/ )

Ова големо признание за исклучителниот труд и посветеност  доаѓа во вистинско време, односно во пресрет на 20-годишнината од постоењето на Штедилница ФУЛМ што уште повеќе ја поттикнува радоста за освоеното I (прво) место меѓу 68.000 кредитни унии на 6 континенти во светот!  Второто и третото место припаднаа на кредитните унии  Sicredi од Бразил и AIRAC од  Доминиканската Република. Дополнителни информации за настанот може да добиете на следниот линк: https://www.woccu.org/letters/?mt=4119&c=17144&cs=db63a

Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во  изминатите дваесетина години, со нашите кредити и депозити, ги реализираа нивните успешни приказни заради кои се гордеевме секојдневно, истакна м-р Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА “ЕДВАРД ФИЛЕН КРЕДИТНИ УНИИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ЕДУКАТОР ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА И АФРИКА 2012/2013” НА ЕЛЕОНОРА ЗГОЊАНИН ПЕТРОВИЌ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ливерпул, 6 јуни 2013: Во Ливерпул, Велика Британија, Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ ја доби наградата Edward Filene Credit Union Awards UK 2012/13 – Overseas Development Educator of the Year from the European Union and Africa (Награда Едвард Филен Кредитни унии на Велика Британија, за Интернационален едукатор за Европска Унија и Африка 2012/2013). Наградата и беше доделена за 14-годишното успешно спроведување на системот на кредитни унии во Република Македонија и во светот. На свеченоста во хотел „Мериот“ во Ливерпул, претседателката на Интернационалната Алијанса на Кооперативи, бароницата Полин Грин (Dame Pauline Green) и ја додели наградата на Елеонора Згоњанин Петровиќ нагласувајќи ја потребата од подобри финансиски услуги на луѓето секаде во светот.

“Оваа награда ја посветувам на визијата на ФУЛМ: ‘Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење’. Повеќе од 14 години, Штедилница ФУЛМ успешно работи како дел од интернационалното семејство на кредитни унии од над 100 земји и 188 милиони членови. Успешното работење на ФУЛМ е резултат на посветеноста на сите вработени, поддршката од членовите на органите на управување и соработката со сите 7.700 членови на ФУЛМ,” изјави Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ Скопје.

На свеченото доделување на награди беше презентиран краток филм за Македонија и за успешната приказна на Штедилница ФУЛМ, која во изминатите 14 години успеа да им помогне со кредити на повеќе од 16.000 студенти, вработени, земјоделци, пензионери и невработени со дополнителни приходи, реализирајќи кредитни линии со вкупен износ од над (1) милијарда денари.

Победничкиот проект за подобрување на пристапот на жените и младите до финансиски услуги- Денвер, САД

Победничкиот проект за подобрување на пристапот на жените и младите до финансиски услуги, доделен на управителот на Штедилница ФУЛМ, г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ на Светската конференција на кредитни унии во Денвер, САД во 2015 година, беше почеток на воспоставување на нова и современа стратегија за комуникација на ЗГ и Штедилница ФУЛМ.

Обуки, настани, конференции, тим билдинзи…

Концептот на постојано учење, надоградба на знаењето, вклученоста на вработените во разни семинари и конференции, како и обуки за подобрување на комуникациските и продажните вештини на вработените е еден од одговорите на прашањето:
На што се должи успехот на Штедилница ФУЛМ?

Штедилница ФУЛМ континуирано поддржува и спортски активности на вработените и организира тим-билдинг активности, кои го јакнат тимскиот дух и кои вклучуваат разни активности: кошарка, куглање, пинг понг…