Ресторанот на Марија од Тетово

marija Вашите Тикет за бериќет искуства

Image

„Благодарение на Штедилница ФУЛМ успеавме да реновираме и со тоа многу ми се олесни работата. Поради тоа, Ви препорачувам ако поседувате некој бизнис и ви се потребни средства за да успеете, вработените во Штедилница ФУЛМ се тука веднаш да ви помогнат. Изразувам голема благодарност до Штедилница ФУЛМ што ми овозможи кредит за мојот бизнис за да продолжам да работам и покрај тоа што е време на пандемија.” – вели Марија.

Марија Поповиќ Димовска е сопственичка на угостителски објект и наш долгогодишен член во филијалата на ФУЛМ – Полог, Тетово. Поради потребата за реновирање на ресторанот и олеснување на работниот процес со инвестиција во дополнителна опрема со нов фрижидер и нова скара, Марија имаше потреба од дополнителни финансии, и секако, таа се обрати во Штедилница ФУЛМ, раскажувајќи за своите планови и потреби.

Ни беше огромно задоволство што повторно помогнавме и станавме партнер на уште една успешна приказна, со новиот кредит ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ со намалена камата и поволни услови, благодарение на поддршката од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем кој е наменет токму за ваквите микро бизниси.

Ваквите сведоштва се најдобар доказ за тоа дека финансиските услуги на ФУЛМ се во постојана корелација со својата визија за обезбедување поквалитетно живеење за своите членови.