Кире Цветановски, с.Бориево, Струмичко
По завршување на средното образование во земјоделското училиште во Димитар Влахов во Струмица, имав желба да започнам сопствен бизнис со производство на слатки, торти и слични кондиторски производи.
Благодарение на Штедилница ФУЛМ, како и добрите совети од вработените во филијалата во Струмица, кои ми помогнаа да подигнам кредит, преку кој обезбедив финансиски средства за набавка на основни средства за работа како што се миксер, печка, опремување на просторот и слично.
Моментално работата е во тек, производството тече, работиме јас и мојата идна сопруга со која моментално сме верени и се надеваме дека ќе продолжиме успешно да ги остваруваме нашите заеднички цели и ќе имаме убав и сладок живот.
Напомена: Текстот е личен исказ и не подлежи на лекторирање