Политика за начинот на утврдување на поврзани лица
ПОЛИТИКА ЗА НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ПОВРЗАНИ ЛИЦА
(1) За утврдување на поврзаноста Штедилницата обезбедува документација во форма на Изјава за поврзаност со клиенти (кредитокорисници) на Штедилницата која ја потпишуваат кредитокорисниците и Изјава за поврзаност со клиенти (кредитокорисници и акционери) на Штедилницата која ја потпишуваат лицата со посебни овластувања, а од кои ќе може да се добијат податоци за постоење или непостоење на поврзаност со други лица – клиенти на Штедилницата или лица поврзани со неа, како и полномоштво за управување со штедна книшка, документација за законски застапник и документација за корисници на фамилијарен депозит на пресечен датум на известување за потребите на извештаи на НБРМ за најголеми депоненти и ниво на концентрација
(2) Штедилницата воспоставува информативен систем кој ќе овозможи навремено и континуирано следење и контрола на поврзаните лица, како и известување на НБРМ за поврзаните лица.
(3) Службата за внатрешна ревизија врши ревизија начинот на утврдување на поврзаните лица согласно со Политиката за внатрешна ревизија и Годишниот план за внатрешна ревизија.