Политика за управување со пазарниот ризик

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРНИОТ РИЗИК

(1) Штедилницата е должна, пред реализирањето на трансакцијата на тргување, да обезбеди дека сите битни услови и елементи на една трансакција се јасни и договорени.
(2) Штедилницата е должна да не извршува трансакции кои не се во согласност со вообичаените услови на пазарите.
(3) Механизми во управување со ризикот на партнери во тргување се:
1) Одобрени партнери-Штедилницата врши трансакции само со партнери во тргување одобрени од Единиствениот содружник врз основа на анализата на Комитетот на Штедилницата
2) Минимум кредитен рејтинг – Штедилницата врши трансакции само со партнери во тргување со добар кредитен рејтинг при што за подолг рок потребен е партнер со подобар кредитен рејтинг
3) Лимити на изложеност спрема еден партнер во тргување – согласно Политиката за управување со ризик од концентрација на изложеност